Кока-кола изгуби 4 милијарди долари заради Роналдо

Како што Роналдо во знак на нервоза ги тргна од кадар двете шишиња со Кока-кола натопорени до микрофонот, и на нивно место стави шише со вода, така вредноста на компанијата инстантно падна за 4 милијарди долари.

Кога отворија берзите во Европа во понеделникот цената на акциите на Кока-кола беше 56,1 долар. До крајот на прес-конференцијата и рокадата на Роналдо тие паднаа за 1,6% на 55,2 долари, со што и целата пазарна вредност на компанијата изгуби 4 милијарди долари.

Кока-кола на потегот на Роналдо одговори дека „секој има право на избере каков пијалак сака“ и дека секој има различни „вкусови и потреби“.

За Роналдо веќе долго време е познато дека има ултра строга исхрана, како што може да се види по него, во која избегнува секаква храна со шеќер, заради што и на здравствениот преглед пред доаѓање во Јувентус резултатите покажаа дека тој на 34 години има физички капацитет на 20-годишен играч.

По губењето 4 милијарди долари вредноста на компанијата падна на 238,35 милијарди долари.

 

16 јуни 2021 - 10:30