Едно од најочигледните полиња на напредок било намалувањето на трошоците за струја, кои со експериментот паднале за 23%, а речиси три пати поголемо намалување имало и во бројот на отпечатени страници хартија.
Заради пократката работна недела било скратено и просечното траење на состаноците од 60 на 30 минути, а паралелно со ова и бројот на учесници на состаноците бил ограничен на 5 вработени. Уште кога го објави експериментот компанијата објасни дека нема потреба состаноците да траат по еден час или на нив да присуствуваат повеќе луѓе од еден ист тим.
Тие ги поттикнаа своите вработени за соработка да користат колаборативни чет канали, наместо мејлови или состаноци.
Ако ве интересираат пари, сите вработени за 4 дена биле платени како за 5.
Зимава Микрософт Јапонија планира да го повтори експериментот со 4-дневната работна недела, меѓутоа нема најави за нејзино трајно воведување.