Иако варијантата постои веќе некое време, Индија по ново ја класификуваше во „варијанта за загриженост“, ознака која се добива кога „варијантата на интерес“ ќе исполни еден од неколку услови како полесно пренесување, посериозно заболување, поголема отпорност кон антитела или намалена ефикасност на вакцините.
Индиското министерство за здравство објавува дека плус верзијата полесно се жири, полесно за закачува на клетките во белите дробови и е поотпорна кон некои терапии.
За сега тие ја имаат идентификувано во 40 примероци во 3 сојузни држави во Индија, меѓутоа ја има и надвор од Индија во најмалку 9 држави (САД, Британија, Португалија, Швајцарија, Јапонија, Непал, Русија и Кина).
Делта плус верзијата содржи и мутација на шпицот на коронавирусот која претходно беше најдена во јужноафриканскиот и бразилскиот сој. Првиот е поврзан со зголемен број на хоспитализации и смртни случаи, а вториот со зголемена заразност.