
Долар милионерите за прв пат во историјата се повеќе од 1% од глобалната популација, или околу 56,1 милион луѓе во светот имаат повеќе од 1 милион долари, покажува Глобалниот извештај за богатство на Кредит свис.
Во добар дел ваквиот скок на бројот на милионери е помогнат од мерките за намалување на штетата од ковид-19, главно снижувањето на каматните стапки за позајмување пари од банки.
На САД отпаѓа околу една третина од новите милионери, на второ место е Германија со 633.000 нови милионери, а трета е Австралија со речиси 400.000.
Тие што и пред пандемијата беа длабоко зацапани во милионерскиот статус, не видоа некоја мака бидејќи по првичниот пад акциите на светските берзи направија камбек и дополнително ги збогатија и онака богатите.
Групата на поединци со ултра висока нето вредност, или во пари над 50 милиони долари, е зголемена за 41.420 лица.
Тотал, глобалното богатство во 2020 пораснало за 7,4% на 418 илјади милијарди долари. Растот во најголем дел доаѓа од САД, Европа и Кина, додека вкупното богатство во Латинска Америка и Индија било во пад.
Во следните 5 години се очекува дека бројот на милионери во светот ќе порасне за речиси 50% и ќе изнесува околу 84 милиони луѓе.