Инстаграм инфлуенсери има повеќе отколку луѓе што сакаат да ги гледаат

Дилемата дали Инстаграм (алогоритамот) се има променето или корисниците пораснале и веќе не се заинтересирани, доаѓа од проблемот како Инстаграм стана толку досаден.

Од една страна миленијалците кои го прославија Инстаграм сега се речиси 10 години повозрасни од почетоците на социјалната мрежа, па имаат 10 години повозрасни работи за правење од средување селфија и нивно аплоудирање.

Паралелна последица од ова е што на пасивните корисници, се помалку им се појавуваат постови од пријателите а наместо нив изобулува со кампањи од инфлуенсери (и луѓе што сакаат да станат), брендови, секакви славни личности кои промовираат нешто на своите јавни профили, меме-страници и акаунти што во основа агрегираат (крадат) содржини од други.

Делумна одговорност има и пандемијата во која луѓето заглавени дома се презаситија од вртење на Инстаграм и безумно лајкање, што беше надополенто со несреќните обиди за кревање на јавниот морал со проекти како „Imagine“ на Гал Гадот.

Во бројки, британската популација на возраст од 18 до 24 години минатиот септември на Инстаграм дневно минувала по 10,5 минути. Само една година претходно, истиот просек за истата група е нешто над 15 минути.

Тоа што се случува со Инстаграм е природно за сите социјални мрежи. Како што компанијата ги засени своите ривали (Фејсбук и Твитер) по времето на користење и ангажираноста на корисниците, така последниве години неговата доминатност почна да бледее.

Од сегашна перспектива 2018 е врвот на Инстаграм, кога месечно има по 1 милијарда активни корисници. Ова е истата година кога основачите на Инстаграм го напуштаат Фејсбук затоа што не можат да најдат заеднички јазик со Закерберг околу иднината на Инстаграм.

Фејсбук ова веднаш го доживеа како уривање на сите дотогашни брани и ја наполни апликацијата со уште повеќе видео содржини, линкови за шопинг и што е можно повеќе монетизација.

За цело тоа време не само што останува туку и продолжува да расте чувството дека Инстаграм потткинува чувства на неадеквантност кај своите корисници, кои со камерите свртени кон себе аплоудираат неброени селфија на социјалната мрежа се само за да добијат што е можно повеќе внимание.

Совршенството кое цело време се туркаше на Инстаграм полека почна да е исмевано на други социјални мрежи, како Тикток, а со тек на време беа соголени и Инстаграм лагите кога се разбра дека инфлуенсери за фотосесија и глумење луксуз изнајмуваат приватни авиони кои никогаш не полетале или ултра скапи апартмани и вили за фотосесија која ќе обезбеди содржина за следниот месец или два.

Врв на гневот кој инфлуенсерскиот живот беше кампањата од 2019 во која слика од јајце го надмина постот на Кајли Џенер кај пост со најмногу лајкови на Инстаграм.

Сега најголемиот непријател на Инстаграм е тоа што на корисниците им е досадно, и главната надеж е дека има доволно голема база на корисници за да избегне нерелевантност која го снајде Мајспејс. Дополнителен адут е што зад него стои Фејсбук кој низ годините се покажа како крајно успешен во вадење на уште повеќе приходи од секој еден корисник што го има.

Еден извонреден документарец на тема инфлуенсери:

22 јуни 2021 - 10:11