Аргументот на студијата е дека самото слушање на музиката на Моцарт, и апсорбирањето на нејзината убавина и комплексност ја зголемува моќта на твојот мозок. А за тоа никогаш не е прерано да се почне, па ни во првите месеци од твојот живот.
Освен за бебињата оваа логика потоа се копира во најразлични сфери, па сточари тврдат дека пуштањето Моцарт на говеда по три пати на ден резултирало со поквалитетно млеко, а градинари тврдат дека неговата музика има влијание на цветот од нивното цвеќе.
Како што Моцарт ефектот се повеќе се шири во јавноста, така и науката почнува дополнително да се интересира за темата.
Излегува дека оригиналната студија од 1991, е направена врз само 36 учесници, и тоа не бебиња туку млади студенти, и на крај дека Моцарт ефектот траел само некои си 15 минути.
Мета-студија од 2010 која анализира десетина претходни студии го потврдува краткотрајното влијание од слушањето на Моцарт, но открива дека ефектот не е врзан за Моцарт, туку дека тоа важи и за друга музика, или за текст од книга, или кафе, или танцување.
Еден начин за кој е утврдено дека Моцарт може да те направи попаметен, е да научиш да ги свириш неговите композиции на клавир, и тоа со редовно вежбање, во траење од една година, со што ќе додадеш 3 поени на коефициентот за интелигенција.