Русите во Украина го имаат Вагнер, а Американците Моцарт. Двајцата основачи на Моцарт фатија да се тужат по американски судови за измами и корупција а во суштина на спорот лежи потенцијалот Моцарт да се развие во глобална група која ќе оперира во разни воени жаришта. Судот во Вајоминг треба да реши кој од нив двајца ќе испадне Густав Малер.
Славниот композитор три години чувал необичен љубимец - сколовранец. Го набавил во 1784, го нарекол Вогелстар (германското име за тој вид птици) и од него се инспирал за фраза во својот Концерт број 17.
Во 1991 излегува една студија која покажува дека слушањето Моцарт делува позитивно на менталниот развој на бебињата, и без збор беше прифатена од тазе родителите што заради леснотијата на концептот (пушти му музика и ќе стане паметно), што заради логиката дека паметни луѓе слушаат Моцарт. Епа не е така.
Нов австриски филм, „Госпоѓица Паради“, ја раскажува необичната приказна за жената која откако прогледала почнала да го губи музичкиот талент и општествениот статус. Одлучила дека во мракот сепак се чувствува побезбедно.
Стар-мало со перика и кадифени костумчиња кое настапувало по замоците на 18-вековна Европа, Моцарт можел да отсвири сè што ќе се стави пред него. Но исто така и да компонира.
Музичкиот бизнис онаков каков што го знаевме е мртов. Тоа станува јасно кога статистиката ќе покаже дека, според бројот на продадени ЦД-иња, прв на листата е музичар од 18 век.
Четириминутна кантата која повеќе од два века се сметала за исчезната, во ноември 2015 била пронајдена во архивите на Чешкиот музеј за музика. Оваа недела таа беше изведена во живо, можеби прв пат во историјата.
Во пресрет на денешниот концерт на Погорелиќ во Охрид, за разликите во тоа како денес се свират класичните дела, а каков бил нивниот оригинален звук. Кој знае дали некој од големите композитори би си ја препознал својата музика?
Музички овие три композиции на Моцарт звучат „нормално", сè додека не се заслушате во стиховите. Или човекот се забавувал, или тие се резултат на „импресивниот список" психијатриски проблеми кои наводно ги имал. Еве ги, без цензура.