На 28 октомври, во издание на Universal Music Group, по повод 225 годишнината од смртта на музичкиот гениј излезе обемна компилација од неговата музика. За само пет недели комплетот, кој според издавачот е „плод на долгогодишно истражување и планирање“, се продаде во 1,25 милиони копии.
Светот сигурно преку ноќ не развил некаква опсесија со класичната музика, па макар тоа било и со поп-иконата на класиката. Како што разјаснуваат пар музички сајтови, Билборд, кој го објави победникот според бројот на продадени албуми, технички го брои секое поединечно продадено ЦД. Бидејќи секој од спомнатите комплети на Моцарт содржи 200 дискови (?!), само околу 6000 луѓе се заслужни за неговиот успех на топ-листата.
Од друга страна, тоа значи дека има 6000 луѓе кои дале повеќе од 500 долари за вакво колекционерско парче, слично како што постарите рок генерации се подготвени да дадат големи пари за винилни реизданија на омилените плочи.
Во време кога со 10 долари месечно можеш да станеш крал/ица на дигиталниот стриминг, слушателите не трошат пари за индивдуални албуми, а не па за физички. Ама оние кои го слушаат Моцарт изгледа мислат поинаку од оние кои го слушаат Кање. Не дека тоа некако не го знаевме...
Од домашната колекција: Моцарт 10 (еден е дупли): Кање 0:)