Истражувачи искористиле грантови од американскиот национален институт за здравство и од департментот за воени ветерани во вредност од 4,55 милиони долари за да создадат глувци алкохоличари а потоа да ги прскаат со урина од мачки.
Ќе кажат дека ја истражувале врската меѓу ветераните кои страдаат од алкохолизам и пост трауматски стрес синдом и како полот влијае на овие заболувања, но суштински, истражувале три работи:
1) како машки и женски глувци реагираат на мирис од урина од нивен предатор;
2) дали и колку реактивноста на стресот зависи од конзумираниот алкохол;
3. дали полот има некаков ефект врз нивото на реакцијата.
Научниците минале пет недели обилно частејќи ги глувците со алкохол за да ги навлечат (I'm Jerry and I'm alcoholic) и после буквално ги прскале, тоест замочувале со непријателската течност, за да симулираат траума. Потоа тестирале дали машките и женски алкохоличари реагираат различно. Теоретски, студијата требало да го симулира ефектот кој алкохолизмот го има врз трауматирани од ПТСД воени ветерани и колку е тој стрес различен во однос на трезни субјекти.
Вака дизајнирана, студијата има сериозна фалинка - распоредот на траумите, забележува сенаторот Ренд Пол.
Истражувањето би требало да симулира ветеран со ПТСД кој се вратил од служба, станал алкос и потоа да се види како алкохолизмот влијае врз неговиот ПТСД. Но, во овој случај, тие го измешале редоследот и создале ситуација на ветерани кои заминале во служба со веќе постоечки алкохолизам.
Јас комплетно сум да се бараат решенија и за алкохолизам и за ПТСД, особено за воените ветерани, вели Ренд Пол, ама вакви студии ја промашуваат поентата.