Балкан: Радо иде Србин у војнике

САД: Радо оди ветеран во жени

Американскиот департмент за воени ветерани најави дека во иднина државата ќе ги плаќа операциите за менување на пол. Ќе можат да се почастат преку 130.000 воени ветерани. 

Надлежниот департмент за воени ветерани реши да ја подигне 20 годишната забрана државата да плаќа за операции на трансџендери за транзитирање во друг пол.

Досегашниот здравствен пакет на ветераните им покривашаше хормонски терапии, предоперативни евалуации, ментална здравствена заштита и пост-оперативна грижа но за самата операција на промена на полот постоела забрана за државно учество уште од 1999 година.

Во јануари годинава Џо Бајден ја отповика и политиката воведена од Трамп со која на повеќето транс-лица им беше оневозможено да служат во армиските сили. 

Американската асоцијација на трансџендер воени ветерани проценува дека постојат 134.000 трансџендер ветерани и 15.000 активни трансџендер припадници на армијата.

Иницијативата за државно покривање на операциите за транзитирање ја покренаа трансџендер ветераните Ди Фулчер и Џио Силва:

 

20 јуни 2021 - 08:55