Вести

Швајцарците на референдум ќе ја бранат неутралноста

Швајцарски активисти ги обвинуваат властите дека со воведувањето санкции за Русија ја прекршиле неутралноста, која не е строго дефинирана. На референдум во септември граѓаните ќе се произнесат дали неутралноста треба да биде вградена во Уставот, како клучен принцип на швајцарската држава и темел на нејзината надворешна политика.

Фаучи го криел од јавноста ризикот од мРНК вакцините за бремени жени

Докторот Ентони Фаучи изјавуваше пред јавноста дека мРНК-вакцините против ковид-19 се апсолутно безбедни за бремени жени, иако знаел дека го зголемуваат ризикот од спонтан абортус во текот на првиот триместар. Сериозните ризици биле потврдени во приватна дискусија со двајца високи соработници, покажуваат новообјавени пораки од неговиот службен телефон.

Елитниот Кембриџ се поднови. Со чучавци.

Локалната власт во градот Кембриџ потроши милионска сума за серија јавни вецеа со концепт чучавци. Направено е тоа за да се задоволеле некои специфични културолошки преференци на дел од туристите кои го посетуваат градот. Локалците сега мрчат затоа што треба да платат за да чучнат. 

Речник

Старите далноводи се одговорни за катастрофалните пожари во Грција

Застарената надземна електрична мрежа е одговорна за најразорните шумски пожари во Грција во текот на оваа сезона. Бројот на пожари од далноводи е релативно мал, но огнот вообичаено избувнува на непристапно место со сува вегетација и ветровите лесно го шират во катастрофа. На Грција ѝ требаат 35 милијарди евра за да закопа кабли во должина од 120.000 километри.

Црквите губат верници, но добиваат повеќе пари

Стотици илјади верници секоја година ги напуштаат католичките и протестантските цркви во Германија, но црквите сепак добиваат повеќе пари од задолжителните даноци. Зголемувањето на просечните плати и прогресивниот даночен систем значат дека намалениот број регистрирани верници секоја година издвојуваат повеќе пари за црквата.

Неписмените работници во САД заработуваат како просечните во Британија

Иако младите Британци се квалитетно образувани, тоа не им е гаранција дека на пазарот на труд лесно ќе најдат работа и ќе добијат плата соодветна за знаењата и вештините што ги стекнале. Економската стагнација ги пренасочува кон работни места за кои се преквалификувани и им ги зголемува фрустрациите поради тоа што заработуваат помалку од неписмени работници од САД.

Како трудот изгуби од бизнисот

„Корпоративната Америка ја проголта американската политика пред точно точно 51 година, благодарение на документ за кој веројатно никогаш не сте слушнале - меморандумот на Пауел“, пишува бившиот секретар за труд во администрацијата на Клинтон, Роберт Рајч.

Крајот на „култот“ на Грета Тунберг?

Опишувајќи ја како „дете полно со гнев, опседнато со пропаст и без никакво практично решение“, Скај њуз тврди дека Грета Тунберг во 2022 конечно издиша.

Дуда бара демонтирање на цел Северен тек 2

За да не им седи на глава на Германците и да се подадат да го пуштат во оптек, и за да и се покаже на Русија дека после војната нема враќање на старо неопходно е да се демонтира новиот руски гасовод за Европа.

Крајниот север тргна крајно десно

Шведските демократи, името на шведската крајна десница, се на пат да станат втората по големина партија во Шведска на претстојните избори во земјата.

Колумбија се пресрами за кокаинот

Најголемиот производител на кокаин во светот и најголемиот снабдувач на САД со кокаин, Колумбија, има намера да го декриминализира кокаинот.

Украина го евакуира фронтот

Под притисок од групи за човекови права, Украина ја започна „најголемата преселба во историјата“ селејќи 750.000 луѓе од фронтовските линии во војната со Русија.

Фаучи се симнува од тронот

Речиси 4 децении, за време на владеење и на републикански и на демократски претседатели, Антони Фаучи владее со американската борба против заразните болести и со Националните институти за здравје. Вчера објави дека во декември целосно се повлекува од државна служба.

Дали ќе се борат?

Соединетите држави мислеа дека Авганистанците ќе се борат, а Украинците ќе се предадат. Реалноста инсистира на преиспитување на анализите што доведоа до овие заклучоци.

Математики за апокалипса

Добрата вест е што во случај на нуклеарна војна меѓу САД и Русија планетава некако ќе преживее. Лошата вест е дека едно 5 милијарди луѓе од сегашната популација на планетава нема да преживеат. И тоа не од нуклеарките, туку од глад.

Германија ризикува егзодус на фабриките

Од производители на делови за возила до хемикалии и челик, германските фабрики не можат да ги апсорбираат покачените цени на се и сешто во земјата, па полека почнуваат решението да го бараат преку границата.

Двојните стандарди за Дугин и Ружди

Наместо осуда на бесмисленото насилство извршено од некои  русофобни манијаци, сè што досега прочитав во убер-либералните публикации е дека Дугин е мозок зад руската политика, дека тој е виновен што таквата политика ја инспирирал и организирал. За Ружди, сосема друга приказна.

Од Германците побарано да почнат да примаат азиланти по дома

Во првата половина од годинава бројот на барања за азил во Германија пораснал за 44%, додека засолништата за азиланти не пораснале ни приближно толку.

Франција ќе се спасува со Јемен

Франција одлучи да испрати дополнителни сили од Легијата на странци за да ги заштити своите погони за природен гас во Јемен, ем за некој друг да не се подаде по нив, ем за да не дремат така неискористени.

Во експлозија на подметната бомба убиена ќерката на Дугин

Дарија Дугина требала да патува во ист џип како и нејзиниот татко, меѓутоа во последен момент тој се предомислува и оди со друго возило. Експлозијата се случува во 21.30 по локално време и од нејзе џипот и Дарија се разнесени на парчиња.

На Париз ќе му биде постудено и потемно отколку на Берлин

Од моментот кога времето ќе застуди, Франција е поранлива од Германија на снемување струја, проценува аналитичарот на Блумберг, Хавиер Блас.

Украина има само 3 месеци за да го спречи зимското предавство

Украина ќе влезе во период на максимална ранливост како што традиционалниот руски сојузник, Генерал Зима, стапува на сцена а Кремљ почнува да ги стега енергетските шрафови на премрзнатите европски сојузници на Киев, пишува британски Телеграф.

Германски пратеник за македонскиот очај од ЕУ

Нормално, нè нема баш во германски медиуми, освен во попатни информации дека не им даваме нешто на нивните кутри партнери од ЕУ, Бугарите. Бутикофер се задржува малку подолго на нас. Ги користи омразените придавки но не е тој крив за правилата на германскиот јазик. Барем е доволно фер да каже дека со промена на името, Заев прибегнал кон „национално понижување без преседан“.

Во Италија почнаа да пржат цените на гасот

Подобро ќе ми беше цел јули да бидам на плажа, јаука сопственикот на италијанска фабрика за конзервирано овошје и зеленчук од Салерно на кого пред некој ден му стигнала јулската сметка за гас, во износ од неполн милион евра.

Стримингот ја претица кабелската

Последните податоци од Нилсен покажуваат дека во САД стримингот станал попопуларен начин на консумирање телевизиски содржини од кабелската телевизија. Како и кога кабелската го победи бродкастот, и овој тренд допрва ќе го менува културниот и бизнис релјеф околу медиумите.

Цел јули Европа ништо не ѝ ветила на Украина

Од април годинава воената поддршка на Европа за Украина е во константен пад, а минатиот месец европските воени сили им дале нула воени ветувања на властите во Киев.

Во Германија се појавија камењата на гладот

Камењата на гладот се стотици години стари бележници на карпи во реки во Германија кои кога ќе се појават алармираат дека престои суша и глад.

За руската армија се купува на Алиекспрес?

Една од неочекуваните ѕвезди на саемот „Армија 22“ е робот куче со монтирана базука на грбот. Неочекувана, затоа што никој немаше поим дека Русите имаат создадено робот куче. И излезе дека стварно немаат.

Ватиканските егзорцисти прегореа од работа

Анкета меѓу италијанските свештеници кои со дозвола од Ватикан изведуваат егзорцизам покажа дека овие луѓе се преуморни, дека имаат премногу души за чистење а не добиваат никаква помош од своите. Со други зборови, егзорцизмот е ѓаволски тешка работа.

На Џон Болтон му е срам колку малку Иран би платил за негов атентат

Американското министерство за правда објави дека припадник на иранската Револуционерна гарда понудил награда за убивање на поранешниот американски советник за национална безбедност, Џон Болтон. Смешни 300.000 долари.