Се работи за векови стари обележја за нивото на реките во тој дел од Европа. На еден од камењата што се појави заради годинешната на натпис кој наводно е од 1616 пишува:
„Ако ме видиш мене, тогаш плачи“.
Чешки тим на истражувачи во 2013 пишува труд околу овие камења, во кој објаснува дека тие предупредуваат на последиците од сушата, и дека нивните автори не се познати.
„На нив се наведува дека сушата донeла лоша жетва, недостаток на храна, високи цени и глад за сиромашните,“ пишуваат чешките научници.
На камењата до сега се „комеморирани“: 1417, 1616, 1707, 1746, 1790, 1800, 1811, 1830, 1842, 1868, 1892 и 1893 година.
Камењата последен пат се видоа за време на сушата во 2018, меѓутоа процената е дека сегашната суша во Европа е најтешка во последните 500 години. Процента е на Андреа Торети од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, и тој проценува дека „многу високиот ризик од суви услови“ продолжува и во следните три месеца.
Европската опсерваторија за суша проценува дека 47% од Европа е пред суша.