„Кога Русија е во војна со Украина, кога напаѓа, окупира, промената на политиката кај Западот значи не само суспендирање на Северен тек 2, туку и негова ликвидација, целосно расклопување на гасоводот,“ порачал полскиот претседател Анджеј Дуда во посетата на Киев.
Гасоводот кој минува под Балтичкото море и треба повеќекратно да го зголеми протокот на гас за Европа, беше завршен минатата година, но заради бирократски, а подоцна и политички, одлуки не беше пуштен во функција.
Северен тек 2 има капацитет од околу 55 милијарди кубни метри гас годишно.
Наспроти Дуда, потпретседателот на германскиот парламент, Волганг Кубицки, повика на најитно активирање на Северен тек 2, за народот зимава да не смрзне, а индустријата да не страда од сериозна штета.