Украина има само 3 месеци за да го спречи зимското предавство

Украина ќе влезе во период на максимална ранливост како што традиционалниот руски сојузник, Генерал Зима, стапува на сцена а Кремљ почнува да ги стега енергетските шрафови на премрзнатите европски сојузници на Киев, пишува британски Телеграф.

На военото поле зимата ќе влијае на двете страни како што војната влегува во длабок мраз. Зимата обично е во корист на бранителите, кои подобро можат да се снајдат за засолниште и загревање, додека движењето пеш или со возила, голема неопходност на напаѓачите, е попречена прво од кал а потоа и од снег. Тоа може да и дозволи на украинската армија да го задржи она што сега го има, но ќе ја спречи во освојување на значителни делови од огромните пространства територија кои сега се под руска власт.

Меѓутоа најголемиот стратешки ефект војната ќе го има во Европа, а Украина е многу поверојатно дека ќе биде губитникот. Како што на европските медиуми се повеќе им досадува замрзнатиот пејзаж без многу нешто за известување, главниот фокус се повеќе и повеќе ќе биде на маките по дома, како што економската криза засилена од конфликтот на Путин почнува се повеќе да загризува.

Додека Европејците слепо ја заситуваа својата глад за евтина руска енергија, Путин со години ја поставуваше стратешката стапица во која тие ќе паднат. Неговото финансирање, дезинформациите и луѓето за влијание во еколошкото движење ја зголемија зависноста од Русија, одигрувајќи критична улога во спречување на искористувањето на гас од шкрилец низ Европа како и германското гасење на нуклеарките, под сериозно влијание од зелените партии кои се издигнаа од анти-нуклеарното движење финансирано од Москва во 1980-те. Како мајстор на политичка и економска војна, како и на пропаганда, целите на Путин беа во економска корист на Русија и политичка предност во ситуации како денешната.

Русија во јуни го намали снабдувањето со гас на Европа за 60%. Како што зимата се приближува државите бараат начини како да ја минимизираат економската штета која веќе ги осакати нивните економии, вклучувајќи и значително намалување на потрошувачката на гас кај домаќинствата за кои една од реалните опции е уште поостар скок на цената. Раширеното незадоволство меѓу гласачите што ќе следува ќе го насочи умот на политичарите и ќе ги присили повторно да размислат за својата веќе колеблива поддршка за Украина и посебно за строгите санкции против Русија кои се покажаа дека го немаат очекуваниот ефект во спречување на агресијата на Путин.

Путин знае како да го засили притисокот се додека европските држави не се покорат, вклучувајќи и наредби за тотално секнување на енергијата. Со оваа закана над нивните глави, тој ќе понуди примирје на Г20 самитот во ноември, тврдејќи дека мир може да има само ако му е дозволено да го задржи Донбас, Крим и територијата што ја освои ја јужниот брег на Украина. Тој ќе зборува за самоодлучување на народот, наведувајќи плебисцити за кои ќе се осигури дека покажуваат дека мнозинството на населението во овие области сака да биде дел од Русија. Неговата понуда нема да биде насочена кон Украина, туку кон Европејците чии економски проблеми ќе бидат олеснети.

Оваа порака ќе биде подеднакво привлечна за претседателот Бајден колку што ќе биде за неговите европски колеги. Америка исто така трпи сериозна економска штета која Бајден ја префрла на сметка на војната на Путин. Неговиот став е претставен во текст од минатата недела во Њујорк тајмс. Додека ја убедува Русија во границите на американската поддршка за Киев, тој пишува „јас нема да ја притискам украинската влада да направи територијални отстапки,“ што е прв пат по многу месеци некој голем национален лидер да ја спомене можноста за отстапки.

Лидерите ќе бидат во искушение да ја прифатат понудата за мир на Путин, и да ја запрат поддршката за Зеленски. До сега, војната на кондиција се смета дека е во корист на Украина. И ова ќе биде сериозно тестирано. Тоа можеби и од старт се базира на лажна премиса: Русија во својата историја вообичаено лошо ги започнува војните, ама со тек на време може да се потпре на своите обемни ресурси и луѓе. А Украинците се целосно зависни од странско оружје, опрема и разузнавање.

Ричард Кемп,
Телеграф

19 август 2022 - 12:09