Кариерата на Фаучи тера речиси беспрекорно од 1980-те до почетокот на ковид пандемијата, бидејќи главно и нема толку интерес кај јавноста за неговата работа, ниту па знае кој е човекот.
Проблемите почнуваат со пандемијата и се поделени на два фронта: финансирањето што Националните институти за здравје (инаку највисоката медицинска институција во САД за грантови) го даваат за истражување на коронавируси кај лилјаци и во лабораторијата во Вухан; и несмасните мерки за справување со пандемијата, од претераните карантини, отфрлањето на потребата за носење маски до погрешните првични процени како се шири вирусот и непризнавањето на нус-појави на вакцините и инсистирање на масовно вакцинирање за сите.
И покрај успесите што ги има во борбата со пандемијата, Фаучи заминува во време кога, главно заради константните мутации и замореноста на населението од постојано вакцинирање, САД се уште не може здраво да излезе од пандемијата.
Фаучи како главен советник за здравство на американскиот претседател, ќе биде вториот висок ковид-19 функционер што ја напуштил администрацијата на Бајден. На почетокот од годинава, тимот на Белата куќа го напушти Џефри Зиентс, кој го предводеше тимот против пандемијата.
На почетокот од својата кариера во 1980-те Фаучи предводи со борбата со тогаш најголемата епидемија на ХИВ/Сида.
Фаучи, годинава ќе полни 82 години.