Вака склопената машина се вика М-81, а по делови е составена од надградена верзија на ракетниот фрлач РПГ-26 и Го-1 куче робот за домашна/цивилна употреба од кинеската компанија Унитри, достапен на Алиекспрес за меѓу 2.700 и 3.500 долари во зависност од верзијата.
За да не биде апла забележливо, Го-1 за на саемот е облечен во црни пижами, но сепак предните сензори и камери се видливи и делумно помогнале во неговото идентификување. И самите автори на М-81, Машин интелект од Санкт Петерсбург признаваат дека „користеле кинески хардвер“, ама најавуваат дека имаат нивни роботски кучиња кои наскоро ќе бидат готови и ќе може да ја вршат истата функција.
За Машин интелект карактеристично е и дека постои од април годинава, сместена е во резиденцијален дел од градот, а единствено нешто од нејзе на интернет е видео објавено минатиот месец под наслов „Лов со робот куче“, во кое е покажано идентичното куче од саемот.
Останува тоа дека Машин интелект успеале да монтираат советско оружје на куче од Алиекспрес по цена од 2.700 долари. Пример Спот на Бостон динамикс чини над 74 илјади долари.
Една од придобивките на користење роботи од Алиекспрес, освен тоа дека не треба сам да ги создаваш, е дека тие не доаѓаат со строги забрани и пречки за нивно вооружување, како што ги има на пример Спот.