Стримингот ја претица кабелската

Последните податоци од Нилсен покажуваат дека во САД стримингот станал попопуларен начин на консумирање телевизиски содржини од кабелската телевизија. Како и кога кабелската го победи бродкастот, и овој тренд допрва ќе го менува културниот и бизнис релјеф околу медиумите.

Стримингот денес стои зад повеќе од една третина од целокупната „потрошувачка“ на телевизија во САД.

Нетфликс и натаму е топ платформа за стриминг, и учествува со 7,7% во вкупниот удел.

Јутјуб, Амазон Прајм и Дизни Плус го зголемиле својот удел во времето на гледање за 7,3%, 3% и 1,8%, додека HBO Max останува закован на 1%.

Сепак, она што го подразбираме како традиционална телевизија што вклучува и кабелска и бродкаст, заедно и натаму имаат предност во трошењето време на Амриканците.

Засега.

Ако кај нив продолжат стапките на опаѓање, стриминг може веќе во следните неколку години да ја надмине традиционалната телевизија како примарен начин на кој Американците консумираат ТВ содржини.

Додека вкупното време на „гледање телевизија“ лани останал константен, стримингот се зголемил за 22,6%, додека кабелскиот и бродкастот паднале за 8,9% односно 9,8%.

Со сè повеќе спортски содржини „во живо“ кои се префрлаат на стриминг, трендот е речиси сигурно во негова корист.

18 август 2022 - 14:45