„Тунберг сега е жртва на сопствениот успех да ги преплаши луѓето да направат некои многу, многу глупи работи за кои сега сите плаќаме,“ објаснува Ендру Болт од австралискиот Скај њуз.
Од пикот на славата, која и донесе обраќање во О.Н. и СЕФ, три номинации за Нобел и една титула „човек на годината“ на Тајм магазинот, кога секоја нејзина изјава се следеше речиси религиозно, годинешното обраќање на Тунберг на масовниот Гластонбери мина речиси незабележливо.
Нејзиниот успех во менувањето на цели комплексни агенди, пример британското откажување од копање нафта и гас од шкрилец, или јаглен, денес се одразува на способноста на Британија да најде доволно струја за своите граѓани и во сметките за струја што тие ги добиваат.
„Денес имаме целосна и тотална катастрофа. Имаме сериозна енергетска криза во земјава, сметките за струја и гас се вон сите граници, народот зимава нема да може да си дозволи струја и гас, а луѓето се неверојатно загрижени како ќе се згреат, како ќе готват, како ќе ги нахранат своите деца.
Оваа енергетска криза е директна последица на зелениот култ кој изминативе неколку години е претставуван од Грета Тунберг, и ова се луѓе кои со години и години се залагаа дека треба да го затвориме нашето производство на енергенси. Да ги затвориме сите рудници на јаглен, да ги затвориме сите нуклеарни централи, да се потпираме на струја и ветер, како тие да можат да обезбедат доволно струја за модерна нација како Британија.
Заради тој активизам и заради влијанието што го имаше врз владата, луѓето ужасно ќе страдаат во однос на нивните финансии, нивниот комфор и нивното здравје.
И мислам дека еко-хистеричното лоби треба да одговара за она што му го направи на обичниот народ,“ порачува уредникот на британски Спајк, Брендан Онил.