Франческо Франкезе, првиот човек на „Ла Фиаманте“ на социјалните мрежи ги извади сметките за гас од јули 2021 и јули 2022. Првата е нешто над 120.000 евра за еден месец, втората е нешто под 980.000 евра.
Франкезе нагласува дека во 2021 парите ги дал за 20 дена работење на погоните, а во 2022 за само 15 дена вртење на машините.
„Додека политичарите се борат за фотеља, бизнисите се оставени сами сред енергетската џунгла. Сметка за гас од речиси 1 милион евра, речиси 10 пати повеќе од сумата што ја платив за истиот период во 2021,“ напишал Франкезе.
Гневот е и дека паралелно со сметките за производителите расте и профитот на државната енергетска компанија Ени. Во исто време процените се дека цените на кутиите се пораснати за 80%, доматите за +30%, пакувањето, налепниците и слично за 25%, а плус на тоа е и превозот.