Партијата која некогаш беше забранета заради нео-нацистички врски, а денеска е само крајно-десна со анти-имигрантски ставови, на анкетите има 4% предност пред Умерените, најголемата десничарска партија на Шведска.
Анкетата е на СВТ и Новус, а во нејзе Шведските демократи имаат поддршка од 21,5% од гласачите, споредено со 17,4% што ги имаат Умерените.
„Анкетата покажува дека е статистичка сигурност дека Шведските демократи би биле поголеми од Умерените кога денес би имале избори, меѓутоа на тоа колкава точно е разликата влијае и маргината за грешка,“ изјавува ЦЕО-то на Новус, Торбјорн Сјостром.
И понатаму безбедно првопласирани на анкетите во Шведска се Социјалдемократите.