И покрај фабрички вградената нетрпеливост кон странците, европската крајна десница успева да се издигне над редовната непродуктивна омраза на својот прв сосед, и наместо тоа почнува вмрежување и соработка со „колегите“ од другите европски земји. Па ако до сега само си честитаа на избор на секој можен советник во градски совет, во сабота за прв пат сите тие ќе се сретнат на самит.