Така ко-претседателот на Алтернативата за Германија, Александар Голанд, отворено го отфрлил предлогот на Бенон за формирање на пан-европска коалиција на ултра-конзервативни групи:
„Не сме во Америка. Интересите на анти-естаблишмент партиите во Европа се прилично разнолики. Бенон нема да успее да оформи алијанса на истомисленици до изборите во ЕУ“.
За портпаролот на француската десничарска партија Национално обединување, Бенон „е Американец и нема што да бара во европска политичка партија. Ние отфрламе каков било наднационален ентитет, и нема да учествуваме во создавање на ништо со Бенон.“
Од дома, намерата на Бенон ја анализира експертот за европски влади од Корнел Универзитетот, Кристофер Веј, според кого: „една од причините зошто проектот на Бенон нема да успее е неговиот неуспех да ја препознае разноликоста на европските крајно-десничарски популистички партии. Нив да ги собереш на исто место ти е како собереш мачки во стадо. Не гледам една причина зошто тој би требало да успее кога тие самите не успеале да се обединат.“