Иако и самата Дарија е новинар и политиколог, процената е дека експлозивот бил наменет за нејзиниот татко, бидејќи и возилото, Тојота Ленд Крузер било негово.
„Ова беше колата на татко и. Дарија вози друга кола ама дента го земала џипот, додека татко и тргнал по друг пат. Колку што јас разбирам, Александар или двајцата заедно биле мета,“ изјавил пријателот на Дугина и прв човек на движењето Руски хоризонт, Андреј Краснов.
Рускиот медиум 112 тврди дека Дугин и ќерка му биле на настан во близина на Москва, каде што се случила експлозијата, и требало заедно да се враќаат назад но во последен момент решиле одделно да патуваат.
Таткото, Александар Дугин е еден од главните идеолози на Кремљ и еден од највлијателните филозофи врз руската политика, кој има директен контакт со Кремљ заради што го носи и прекарот „Распутинот на Путин“. Години пред да почне војната во Украина, тој се залагаше за освојување на сите територии со руско население во земјата.