Дугин и Ружди. Влијателни? Претпоставувам. Темелни автори? Ич не сум сигурен. Поверојатно e дека тие се дрски самопромотори и јавачи на евтините бранови на популарност кои го чувствуваат моментот.
Артикулирање идеи што другите ги сметаат за навредливи? Се разбира. Провокацијата и популарноста одат рака под рака во денешниот литературен свет.
Меѓутоа, она што ми е интересно е следново. Додека нашите најдобри и најпаметни не престануваат да ја изразуваат својата солидарност со Ружди и да го канализираат гневот кон фанатичните идиоти кои креваат меч против пенкало, не сум слушнал такво нешто да се каже во случајот на Дугин и неговата ќерка, јасна жртва на смислена егзекуција.
Наместо осуда на бесмисленото насилство извршено од некои русофобни манијаци, сè што досега прочитав во убер-либералните публикации, е дека Дугин е мозок зад руската политика, дека тој е виновен што таквата политика ја инспирирал и организирал.
Сме го виделе тоа и порано, кога интелектуалците и нивните пишувања се обвинуваат за револуции, војни и други насилни настани. Во случајот на Дугин, просто и едноставно, обвинета е жртвата. Нешто што Гардијан или Њујорк Тајмс никогаш не би го направиле во случајот на Ружди.
Во секој случај, што и да напишале или испровоцирале Ружди или Дугин, тоа е меѓу нив и нивната совест. Но, она што јасно можам да го видам е истиот оној одвратен двоен стандард што доаѓа од западните либерали. Во еден случај заклетви за „слобода на говорот и мислата“ и осуда на фанатизмот и насилството, а „татко на рускиот фашизам“ и „идеолог на Путинизмот“ во друг.
Владимир Голстајн