Вести

ЕУ не знае колку гориво ѝ останало

Европските авиокомпании откажуваат летови за да штедат на керозин. Урсула фон дер Лајен ја процени штетата од војната во Иран на 500 милиони евра на ден. Но, Брисел не може да направи стратегија како да се извлече од кризата од проста причина што не знае со колку гориво располага. Залихите се трошат побрзо отколку што ЕУ може да ги измери.

Во Америка факултет се завршува и за три месеци

Многу американски факултети нудат експресни курсеви, како алтернатива на класичните семестри, но со еднакво вреднување на дипломата. Професори се загрижени дека трендот на забрзување на наставата на колеџите ги поткопува квалификациите на студентите и ги обезвреднува дипломите на нивните колеги кои со години посетуваат предавања и вежби.

Колите ќе бидат и шпиони и лекари и сообраќајци

Не беше толку одамна кога колите беа машини што ќе ве однесат до посакувана дестинација. Модерните технологии ги претворија во шпиони што следат се што се случува во кабината, од лозинките во системот до фокусирањето на погледот на возачот. Тоа повеќе нема да биде избор, туку обврска за сите производители на нови коли.

Речник

Пред да влезе во Белата куќа, Трамп со пари беше кнап. Сега е милијарди во плус

Кога го започна својот прв мандат како претседател на Соединетите Американски Држави, Њујоркер објави дека неговите финансии се напнати. Во уште потешка кондиција беа на почетокот на неговиот втор мандат. Сега е во плус од 3,8 милијарди долари а можеби уште десет милијарди долари се на пат. 

Државните трезори на САД се полни со шкарт злато

Најголемиот дел од американските златни прачки што се чуваат во Форт Нокс не содржат злато до процент што би ги задоволува меѓународните стандарди. Речиси две третини од златните резерви на САД се неликвидни и ќе бидат одбиени за трансакции на светскиот пазар. И ова е врз основа на претпоставки, бидејќи половина век немало темелна ревизија. 

Десната рака на Фаучи уништувал записи за ковид-19

Прикривањето на потеклото на ковид-19, кое политичката елита со години го отфрлаше како „теорија на заговор“, е официјализирано во обвинение со имиња, датуми и суми. Првиот советник на Ентони Фаучи е обвинет дека уништувал и прикривал записи за ковид од владините истраги. На корисници на федерални грантови им нудел „поволни акти“ за скапи подароци.

По ѓаволите (алтернативно: до курца) со „Месецот на гордоста“

Прајдот е станат помпезен, гротескен и нетолерантен, пишува еден англиски сценарист кој е геј но не би да драматизира околу тоа. Знамето кое нон стоп се апдејтира, кратенката која постојано добива нови букви, изливи на солидарност од сите страни, сето тоа прави јуни да стане еден од потешките месеци за поднесување, пишува тој. 

Кина го претера со спасувањето на планетава

Со секоја додадена ветерница или соларен панел Кина „фрла“ се повеќе и повеќе зелена енергија бидејќи нејзината електрична мрежа нема капацитет да ја искористи истата.

Клучот за масовните убијци е во самоубијците

Детално проучувајќи биографии на 180 лица кои извршиле масовни пукања и убиства уште од 1966 година, истражувачи дошле до фрапантни сличности меѓу тие луѓе, сознание за кое сметаат дека може да помогне да се заузда овој автохтон американски проблем. Само кога политичарите би слушале.

Деца се предозираат со мелатонин

Бројот на американски деца кои се предозирале со мелатонин, хормонот кој помага во заспивање, отишол во небеса последнава деценија. Преку 500% раст имаат вакви случаи во изминатиот период. Нас како нација ова не нè засега. Ние сме на дијазепам.

Питер Тил, новото десничарско страшило

Пред изборите за Конгрес во ноември, кај републиканските кандидати и понатаму најпосакуваниот политички благослов е од Доналд Трамп. Финансискиот е од Питер Тил, еден од основачите на Пејпал и сопственик на Палантир, меѓу другото.

Што прво ќе натежне: смаченост од санкции или смаченост од Путин?

Ако Западот не најде начин да ја залечи економската болка низ која минува, единството околу санкциите полека ќе го снема.

ЕУ ги иззема корпоративните авиони од зелен данок

Службените авиони на корпорациите нема да бидат предмет на оданочување според предложените  мерки за зелена такса на авионското гориво. Предлагач е владата на ЕУ, Европската комисија. Што би се рекло на народен јазик: врана на врана очи не копа.

Дали Русија победи во војната на односи со јавност?

Војните во странство обично се најпопуларни на почетокот, посебно ако на американската јавност и се рекламирани во морално апсолутни термини, меѓутоа освен ако не се завршат релативно брзо со одлучна победа, јавната поддршка и политички консензус почнуваат да се распаѓаат. И изгледа дека токму ова се случува со војната во Украина.

Грците прават бизнис - по грчки

Грчки бродски компании прават огромни профити маскирајќи го транспортот на руска нафта. Или префрлаат товар од брод на брод или одат директно до руските пристаништа и сето тоа не се смета за кршење на западните санкции.

Прерано е да му одбројувате на Ши

Комбинација од „елити“, „реформатори“, „гневни претприемачи“ плус премиерот Ли Кечијанг е наводниот состав на опозицијата со која се соочува кинескиот претседател и која му ја крои пензијата по гласањето за нов мандат закажано за есенва.

Канада почна да плаќа отштета за инвалидитет од примени ковид вакцини

Рос Вијтман е 40-годишен поранешен пилот на кого канадската влада му признава дека останал инвалид по примањето на АстраЗенека вакцината против ковид-19.

Гумите трујат повеќе отколку ауспусите

Кога мислиме на загадување од автомобили, обично мислиме на она што излегува од нивните ауспуси. Гледаме на погрешно место, особено во последно време. Ауспусите на новите коли се толку чисти, што, да се почнува сега, тоа не би се ни регулирало. Ама затоа гумите прават партал. Пар-тал!

CNN ќе олабави со „Breaking News“

Новиот шеф на CNN пишал допис до вработените во куќата да намалат со бомбастичната најава за „Брејкинг њус“ која со години инфлаторно ја користат и веќе има изгубено секаква смисла. Инаку, по падот на нивниот архи-непријател Доналд Трамп, рејтинзите на CNN се жив резил.

Кинези го купуваат Форбс, сенатори во паника

Кинеска корпорација за која се тврди дека е директно поврзана со Комунистичката партија на Кина и тамошниот воен комплекс изрази намера да го купи фамозниот Форбс. Американски сенатори на ова го гледаат како на закана за американската национална безбедност.  

Невкусната вистина за Украина

Авторот на Хил ја почнува својата колумна со цитат од Шерлок Холмс кој во една ситуација порачува „Кога ќе го елиминираш невозможното, тоа што ќе остане, без разлика колку неверојатно, мора да е вистината.“

Тестостеронот нема обѕир за фер-плеј

Неколку доктори за Њујорк тајмс потврдуваат дека трансродовата пливачка Лиа Томас има нефер предност пред остатокот од женските пливачки, без разлика дали била на терапија за потиснување на тестостерон или не.

Задолжителните маски биле бадијала

Две години откако уздуж и попреку се испокаравме околу маските, што понекогаш заличуваше на лов на вештерки или прогон на непријателски елементи, Њујорк Тајмс деновиве констатира дека задолжителноста на носењето маска статистички немала битно влијание врз брзината на зараза. ОК. И после ќе се чудат зошто на следната белја ќе има уште повеќе скептици.

Нема воен отпад што Германија не и го прати на Украина

Наместо нови модели на тенкови и оклопни возила за украинската армија, Германија повторно реши да ја третира Украина како еден масовен отпад во кој завршува старата железарија што не би можела да се потроши ако нема војна.

Бајден на „бакни рака“ кај Бин Салман?

Бидејќи не планираше да се најде во ваква криза во каква што е, Бајден јавно се изнакажа (и со повторување) секакви работи за саудискиот престолонаследник. Сега Бајден е во толкав зорт што веројатно ќе оди во Ријад за да се види со истиот овој престолонаследник.

Како светот плаќа за војната на Путин

Секој изминат ден од почетокот на годината во Русија (во просек) се влеваат по околу 800 милиони долари, и тоа е само од нафта и гас, без другите.

Заради претерување со лаги Украина го отпушти омбудсманот за човекови права

Људмила Денисова, жената позната по тврдења од типот „во Буча Русите силуваа 11-годишно момче пред очите на својата мајка која беше врзана за стол и присилена да гледа“ е сменета од украинскиот парламент затоа што нејзините изјави се неосновани и повеќе и штетат на кредибилноста на Украина отколку што и помагаат.

Сите сме едно големо село, во база на податоци

Сте биле на свадба, сте се сликале и сте ги објавиле тие слики на Фејсбук или Инстаграм. Веќе сте во базата на податоци на една компанија која прави грдни пари од тоа, меѓу другото соработувајќи и со полиции и други безбедносни служби.

Што е Шведскагејт?

По децении успешен позитивен ПиАр и освојување на симпатиите на глобалната јавност, конечно во јавност се покажа вистинското лице на шведската култура и обичаи, и е поодвратно од што сте можеле да замислите.

Маск укина работење од дома

Што есеи и студии се напишаа дека пандемијата неповратно го промени работниот еко-систем, дека во иднина ќе се работи од дома, дека сè тоа ќе биде онлајн, зумови- мумови. Илон Маск деновиве прати два меила до вработените во Тесла: да се нацртаат на работа или да фаќаат педала.