Под слоганот „Зачувај ги парите, времето, планетата“, заедно со Mastercard, банката ја промовираше услугата Флекси штедна сметка, целосно дигитална банкарска услуга која нуди голем број предности и бенефити за сите нови и постојни клиенти на банката.
Кампањата во фокус ги става позитивните ефекти од штедењето онлајн и користењето дигитални банкарски услуги, што овозможува не само бројни поволности, туку и придонесува за зачувување на животната средина.
Отворањето на штедна сметка е со само неколку кликови и е целосно онлајн, со што се избегнуваат непотребни посети на експозитурите што го штеди вашето време, а тоа е дополнителен мотив кој ќе ви ја олесни одлуката да почнете да штедите. Со Флекси онлајн штедењето, клиентите имаат целосна флексибилност да дополнуваат и повлекуваат заштеди директно преку мобилната апликација 24/7, за само една фиксна провизија. Во исто време каматната стапка по видување е најатрактивна во земјата и изнесува 0.8% за МКД и 0,4% за ЕУР, која се пресметува на дневно ниво, а се исплаќа на месечно ниво.
Целосната дигитализација на услугите, вклучувајќи го и Флекси штедењето, е дел од стратешките заложби на ПроКредит Банка, каде се лидери на пазарот и поставуваат нови стандарди во индустријата. Денес, ова е особено голема конкурентска предност, кога сите бизниси се стремат кон дигитализирање на услугите, а клиентите сѐ повеќе тоа го гледаат како неопходност во нивното динамично секојдневие.
Интересно за кампањата е што покрај очекуваните бенефити за штедењето време и пари, фокус става и на зачувување на природата. Имено, ПроКредит Банка во своето оперативно работење посветува голем труд и активно се инволвира во еко-иницијативи, а на пазарот е позната како Банка која поддржува и финансира зелени приоекти. За тоа говорат резултатите од нивното работење во изминатите години - досега, на ниво на Групација ПроКредит Банка ги има намалено CO2 емисиите за 56%, а истовремено е поборник за користење на еко решенија за транспорт. Па така, дури 70% од возниот парк на Банката се електрични или хибридни автомобили кои возат на струја произведена од фотоволтаичната централа поставена на кровот на Централната управа.
Со избор на целосно онлајн штедење во ПроКредит Банка, осигурувате сигурна заштеда и активно се вклучувате со поддршка на идните зелени проекти на првата и единствено целосно дигитална банка. Дознајте повеќе на следниот линк.
(Комерцијален текст)