Ви се свиѓа насловот? Заради него, текстов ќе ми остане на Фејсбук барем пет минути. Обична жена сум, како милиони Европјанки и Европјани кои ни криви ни должни се вовлечени во оваа војна.
Несреќниците кои не можат да платат за бегање губат животи, остануваат без раце и нозе, на двете страни, затоа што Америка решила дека Европа мора да стане Ирак или Либија или Сирија... Европа. Слугинката на Америка од 1945 година наваму.
Ангела Меркел, нека ѝ е лесна политичката душа, пробуваше таа перверзна врска колку-толку да ја држи под контрола. Денес нејзините наследници, никој не им ги знае ни имињата, ја критикуваат дека се потпирала на евтин руски гас, наместо... Наместо како нив да ѝ рашират нозе на Америка и после тоа силување уште да го платат во суво злато.
Има ли логика Европа да прокопсува заради руско- американската војна? Зошто слушаме говори на Зеленски и гледаме настапи на неговата сопруга? На што спаднавме, ние, Европјаните? Кој е Зеленски? Американската пичкица (ова нема да ми го простат), се осмелува да ми се заканува мене и на мојата фамилија? Во целата приказна се вклучува и курцосвирачката сопруга. До кога Америте и продадените медиуми ќе нè понижуваат?
Америте овие денови прилично цинично ни порачуваат дека мораме повеќе да вложуваме во вооружување бидејќи тие нема да можат уште долго „да ни помагаат“ во војната. Преведено, не купувате доволно оружје од нас. Зошто ние, граѓаните на Европа, не им порачаме на нашите водачи дека не ни е до војна? Сакаме да живееме. Во мир. Сфаќам јас дека на нашите корумпирани водачи им е тешко да ја одбијат Америка. Можеме ли ние малите да сториме нешто за мирот? Да излеземе на улиците на сите европски градови и да ги пратиме у курац и нашите водачи и нивните американски ментори? Какви сме ние тоа кукавици со испрани мозоци. Наместо да дигнеме глас за мир ние купуваме јод. Јодот ќе нè спаси од Путин? Што ќе нè спаси од Америка, тоа е клучното прашање на нашиот опстанок.
Секој кој пишува како мене (никој не пишува како мене), мора да нагласи дека го осудува Путин. Се разбира дека го осудувам, но истовремено се прашувам зошто од Путин се очекува нешто што во поновата и постарата историја никогаш не се очекувало од Америка?
Со децении е нормално Америка да фрли око на некоја земја, да ја прогласат за „недемократска“, да ја срамнат со земја, опљачкаат и напуштат. Дали светските „демократски медиуми“ тоа некогаш го нарекоа воено злосторство? Имаа ли побарано Клинтонови да се скратат за глава?
Трамп е единствениот американски претседател кого светските „демократски“ медиуми го распнуваа на крст. Ги извадија имињата на сите курви кои некогаш ги има поебано, објавија дека богатството го стекнал со лоповлук, оти па на другиве им е од чесен труд. Не му ја признаа огромната заслуга дека не водеше ниту една војна. Одеа толку далеку што на неговата жена не ѝ дадоа прилика да се најде на насловната на американскиот Вог. На првата дама на Украина ѝ се дадоа неколку страници за да ни каже што мисли. Таа мисли? Со што? Зошто граѓаните на Европа треба да ги интересира што „мисли“ “првата дама“ кога знаеме дека во историјата имаше малку “први дами“ кои мислеле на било што освен на фустани?
Оваа војна укина столетна традиција. „Дама“ која нема што да каже, ѝ држи лекции на европската сиромаштија и „мисли“. Знам дека е небитно што јас мислам, ама ќе го напишам. Сулудо е заради оваа војна која Запад ја води против Русија, јебеш ја Украина, на мојот внук и на неговиот чешки, германски или италијански колега да им порачуваат дека во школо, кога ќе залади, треба со себе да понесат и ќебиња.
Сите гледаме како цените дивеат „заради војната“ и тоа треба да ние нормално бидејќи „демократијата“ нема цена. Демократија? Што во оваа прикаска треба да биде демократија? Украина некогаш била дел од Русија и не беше „демократска“. После војната треба да биде во шепите на Америка и ќе стане„демократска“?
Бајден ни „порачува“. Нешто „сериозно“ нагласуваат светските медиуми. Човекот кој појма нема дали дошол или ошол.
Мора ли Европа заради Америка да стане спалена земја? Заслуживме ли Бајден да стане нашиот гробар?