Њујорк Тајмс знае да поштуе добар нацист. И не мислам само на изминатава година. Можеме да се вратиме назад до Втората светска војна и до „оригиналните нацисти“ на дечкото со бркчиња. Ако некој од вас сè уште е љубител на Њујорк Тајмс, оваа статија не е за вас. Вратете се да си играте со Лего коцки или што и да правите.
Назад во 2019-та, австралиски белец расист усмрти 49 луѓе на Нов Зеланд. Како што добро забележаа неделава, Њујорк Тајмс на времето коректно јави дека „на неговата панцирна јакна има симбол што обично се користи од батаљонот Азов, украинска неонацистичка паравоена организација...“ Значи, барем во 2019-та година, Њујорк тајмс беше против неонацистите. Браво за нив!
Годинава тоа драстично се промени. Минатата недела, за истата таа неонацистичка организација, Њујорк тајмс ќе каже:
„Командантите на славниот батаљон Азов имаа емотивна средба со своите семејства во Турција, оддавајќи почит кон борците кои минатиот месец се пуштени од руско заробеништво“.
Каков дирљив момент опишува Њујорк Тајмс за нивните сакани нацисти. На тортата за добредојде сигурно имало кукаст крст од марципан. Можеби имале пињата во форма на Мартин Лутер Кинг помладиот.
Во случај повторно да треба да се каже: можете да бидете против руската инвазија, против прокси војната на САД и против украинските нацисти. Можете да бидете против сите тие работи одеднаш, затоа што сте возрасен човек со функционален мозок. Ако сте Американец, на пример, постои 35% шанса да сте интелигентен и разумен.
„Изгледа дека мобилизацијата е фокусирана на батаљонот Азов, единица на украинската Национална гарда која привлече екстремно десничарски борци од целиот свет а Азов упатува на нивните онлајн пунктови“ пишува Њујорк тајмс.
Њујорк тајмс практично служи како реклама за регрутирање неонацисти. Изненаден сум што статијата не ја завршиле со линк што води до сајтот на Азов и правење Тиндер акаунт.
Но, она што е уште пострашно е што пријателството на Њујорк тајмс со нацистите не започна годинава. Тоа постои со генерации.
Во предворјето на Втората светска војна, откако светот посведочи расистички, фашистички спектакл каква што беше Олипијадата во Берлин 1936-та - каде илјадници го поздравија Хитлер а улиците беа украсени со свастики - Њујорк тајмс напиша:
„Совршени во поставката, брилијантни во презентацијата и перформанси без преседан, Олимписките игри 1936-та ќе останат во историјата како најголем спортски настан на сите времиња“.
За жал, не се шегувам. Ешли Риндсберг го има документирано тој цитат во својата книга од 2021, „Како погрешното известување, изобличувањето и измислувањето на Њујорк тајмс радикално ја менува историјата“.
А не дека антисемитизмот на Хитлер во тоа време бил тајна. Игрите се одржани цела година откако Хитлер го укина државјанството за Евреите и забрани да се бават со повеќето професии.
За сето време од известувањата за игрите, Њујорк Тајмс изоставува еден збор за кој би можело да се рече дека е „умерено“ важен - зборот нацист. Тоа е како да отидете на куглање на бели супрематисти, и притоа да заклучите дека „тоа било едно од најдобрите спортски искуства во вашиот живот“.
Имам чувство дека некој крие леш под тепихот.