Предвидувањата се посебно непријатни за Бајден пред ноемвриските меѓуизбори за Конгресот, кој во повеќе наврати ветува дека економијата каков било пад и да има тој ќе биде „многу мал“.
Тоа што не оди во корист на Бајден се сè потешките финансиски услови, упорната инфлација и очекувањата дека Федералните резерви ќе ги зголемат каматните стапки што го зголемува ризикот на намалување на економијата.
Паралелно со проекцијата Блумберг прави и анкета на 42 економисти околу веројатноста за рецесија во следните 12 месеци. Денес 60% сметаат дека таа ќе се случи, споредено со 50% од пред еден месец.
Предвидувањата на Блумберг економикс користат 13 макроекономски индикатори со кои проценуваат какви се шансите за рецесија во период од еден месец до две години. На ниво на сите овие индикатори моделот на Блумберг покажал полоши резултати.
По овој модел веројатноста за рецесија во следните 12 месеци е 100%, додека во рок од 11 месеци е 73%, а на 10-месечен рок е порасната од 0 на 25 проценти.