Вести

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Обединетите нации се корисен театар

Секој септември, кога заседанието на Генералното собрание на ОН го парализира сообраќајот,  њујорчани се прашуваат: Која е поентата на глобалниот политички театар? Обединетите нации не се „почетокот на светска држава“. Најдобро функционираат во поограничена улога, кога делуваат како форум за државите, а не како повисок авторитет над нив. 

Речник

Работната недела се растегнува на шест дена

Идејата за четиридневна работна седмица веќе е напуштен. Се прифаќа нова шема на работа и во неделите. Наместо да ги набиваат работните часови во помалку денови, работниците едноставно ја прошируваат работата на шести ден, делејќи го времето на нелинеарни блокови прилагодени на родителските обврски, нивото на енергија или личните задачи.

Стара Канаѓанка еутаназирана против нејзината волја

Жена од Онтарио која страдала од тешка болест, во јули била подложена на програма за „медицинска помош при умирање“, иако во последните денови од својот живот јасно и гласно кажувала дека не сака да умре. Медицинските лица инсистирале да се спроведе процедурата наспроти сомневањата дека жената била збунета кога потпишала согласност за сопствената смрт. 

Како Трамп ги изневери Саудијците

Саудиска Арабија со години вложуваше стотици милијарди долари во воено партнерство со САД, верувајќи дека тоа ќе го одбрани Кралството од регионалните непријатели. Кога дојде критичниот момент, Вашингтон му сврте грб на својот партнер. Разочарувањето го води Ријад кон создавање  регионален воен сојуз и градење многу поблиски стратешки односи со Кина.

Близнаците го потопија Гугл

Берзата некако му го прости на Гугл тоа што ни најмалку не ја искористи целата предност што ја имаше во ВИ трката пред комплетната технолошка индустрија. За разлика од тоа, одлуката да го пушти генераторот на слики Џеминај со „разбуденост“ ставена на најјако, до сега е казнета со пад од 70 милијарди долари на вредноста на акциите.

Диверзификацијата ја пумпа универзитетската бирократија

На Беркли постојат преку 170 службеници чија главна задача е да смислуваат кампањи, да пишуваат упатства за говорење и облекување и да oрганизираат обуки и тренинзи за диверзификација, светиот грал на новата религија. На друг универзитет, барем 40% од вработените бирократи се вишок. Да ги нема, школарината за студентите би била поевтина. Ама, ги има.  

Емиратите ќе купуваат плац во Египет за 35 милијарди долари

Абу Даби во рок од два месеца треба да му ги префрли 35 милијарди долари на Каиро, а за возврат ќе ја добие локацијата на медитеранскиот брег на Египет која треба да биде претворена во туристички ресорт град.

Европејците веќе не веруваат во победа на Киев

Само секој десетти граѓанин на Европската унија и натаму верува во воена победа на Украина, покажува истражување спроведено во 12 држави од ЕУ. Видливи се и знаците на замор од украинските бегалци. А Макрон ќе праќал војници во Украина. Тој што пред некој ден едвај им избега на гневните француски фармери.

На Западот не му легнаа бројките од Зеленски

На прес-конференција по повод 2-годишнината од војната, украинскиот претседател за втор пат од почетокот на судирот го сподели бројот на загинати украински војници, и за дел од западните медиуми бројката во најдобар случај е спорна.

Јужна Кореја е 75.000 долари сериозна за нови бебиња

Јужнокорејски компании решени да го запрат драматичниот пад на новороденчиња во земјата почнаа да даваат бонуси од 75.000 долари на семејствата кои имаат деца.

Made in Macedonia: Американци уште губат милиони од велешани

Ланскиот септември, 86-годишната Ен Братон од околината на Нешвил помислила дека ја открила инвестицијата на својот живот кога на Телеграм наишла на понуда на „дебитни картички“ со ликот на Трамп, секоја наполнета со потенцијални 200.000 долари. Пресметала дека инвестиција од 6.000 долари може да претвори во богатство од 4 милиони долари. Не знаела дека понудата ѝ доаѓа од место на 8.500 километри од неа, од „озлогласениот“ Велес.

Судијата на Асанж претходно работел за МИ6

Еден од двајцата судии кои треба да одлучат за екстрадицијата на Асанж во САД претходно биле платени за „застапување на интересите“ на МИ6 и британското министерство за одбрана, чии активности беа откриени од Викиликс.

Италија забранува мобилни во школи по сите основи

Во италијанските училници во најскоро време со одлука на владата ќе биде забрането присуство на какви било мобилни или таблет уреди, па макар тие биле и за едукативни потреби, објавува тамошниот министер за образование.

Протеинот е штетен за здравјето, ако читаш само наслови

Нова студија објавена во журналот Нејчр метаболизам покажала дека консумирање на преголема количина на протеин е штетна за артериите, бидејќи предизвикува таложење на масти, холестерол и други состојки на ѕидовите на артериите а со тоа го стеснува и го намалува протокот на крв.

Научници одгледале лабораториски тестиси

Научници успешно одгледале „тестиси во тегла“ кои еден ден би можеле да помогнат во решавањето на машката неплодност, која погодува секој 12-ти маж ширум светот. Башка, тие вештачки тестиси би биле драгоцени за луѓе што се занимаваат со македонската политика или пак им се дадени институции на раководење. Ах, како јако ќе изгледа официјалното пречекување на вештачките тестиси на некој наш граничен премин.

Мерцедес му се враќа на бензинот

Мерцедес-Бенц за пет години ги одложи своите таргети за електрификација на својата автомобилска ергела и ги увери инвеститорите дека ќе продолжи да ги усовршува моделите на мотори со внатрешно согорување. Тоа е само последниот производител на автомобили што призна дека имале преголем и преамбициозен апетит за автомобили на батерии.

Гугл сака да нè превоспита отаде Џеминаи

Иднината е тука и излегува дека таа е многу расистичка. Деновиве пишувавме за ВИ алатката на Гугл, генераторот на слики Gemini GI кој има многу добри страни но едно нешто сигурно не е меѓу нив: историската точност. Но, не се менува само минатото. Технологијата пробува да нè нахрани со лажна слика и за денешнината.

ЧатГПТ на кратко попушти со паметот

Деновите корисници на ЧатГПТ во неколку наврати на Редит се пожалија дека АИ ботот „имал удар“, „излудел“, „блада“ и „се губи“. По ова и ОпенАИ потврди дека на ЧатГПТ нешто не му е добро.

Вајс медиа престана со објавување на сајтот на Вајс

Компанијата запре со објавување нови содржини на својата главна вебстрана и во исто време најави дека планира да избрка стотици вработени откако сопственикот не успеа да ја продаде Вајс медиа како пакет.

Гугл ги стопираше Близнаците

Гугл соопшти дека ја паузира способноста за креирање слики на нивната алатка на вештачка интелигенција Gemini AI, откако таа ги изрезили со бизарни резултати од типот црнец Папа, женски рагбист, диверзифицирани основачи на Америка и слично. Во Гугл веројатно сакале да ги надминат расните и родови стереотипи, штелувале, штелувале и - претерале. 

На Франција не ѝ стигаат пари да ѝ пушти помош на Украина

Масовно кратење на трошоците ја остави француската влада без доволно пари за пакетот од 3 милијарди евра воена помош за Украина, па најверојатно ќе треба да вади од заштедата од различни министерства.

Зошто Германија речиси никого не може да депортира

Во 2023 германската држава се обидела да депортира неполни 48 илјади лица. Од нив, успешна била секоја трета депортација, додека останатите две главно пропаѓале во крајната фаза, пишува германски Велт.

Британските санкции се најсмешно нешто што дошло од островот

Во целиот гнев околу смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални (кој ескалира и покрај тоа што повеќе од десет години го држат Џулијан Асанж во притвор и го подготвуваат за испорака во САД каде најверојатно исто така ќе умре во затвор) британската влада решава да воведе санкции против 6 директори на затворот во Сибир во кој почина Навални.

Тома беше во право: Два смо света различита

Истражувачи во Стенфорд покажале дека машкиот и женскиот мозок сепак функционираат различно, што е сериозен нокдаун за оние кругови кои сакаа да ја потценат биолошката основа на човечкиот идентитет и да го сведат на социјален конструкт. Се разбира, и натаму секој може да се чувствува како сака, само што науката ќе може да утврди дали мозокот му е машки или женски. Ако му го најде.

Ужас!

Американец ја тужи тамошната лотарија која откако му покажала дека неговите бројки се добитни за 340 милиони долари, се коригирала, се извинила и му рекла дека бројките биле грешка.

Можно е да ги сменат двајцата пред избори?

И покрај одредени обиди, Американците за избори најверојатно ќе останат заглавени со Трамп и Бајден како кандидати. Тоа не значи дека и двете страни не може да се надеваат на чудо кое ќе ги спаси од сопствениот или туѓиот кандидат.

Оружјето спојува профити

На почетокот на јануари оваа година, во близина на украинскиот град Харков беше пронајдена неексплодирана балистичка ракета, испукана од Русија а произведена од Северна Кореја. Анализа на остатоците на ракетата покажала дека дури 290 компоненти на ракетата се произведени во Америка или во Европа. А демек јаки санкции, и за Русија и за Кореја.

Ќе летаат ли АТАЦМ накај Крим?

Доколку републиканците продолжат да го блокираат пакетот за воената помош на Украина, Белата куќа може да побара од свои сојузници да му испратат на Киев АТАЦМ ракети, ама овој пат со домет до Крим.