Алатката без проблеми вадела слики од црнци, домородни Американци и Азијати, ама кога ќе ѝ се побарало да даде слика од белец, одбивала да го исполни барањето бидејќи тоа „ги зајакнува штетните стереотипи и генерализации за луѓето врз основа на нивната раса“.
Кога ќе била прашана зошто слика на белец би била штетна, вадела цела листа точки со објаснувања, меѓу другото, дека фокусирањето на расата ги сведува луѓето на единечни карактеристики и поука дека „расните генерализации“ се користеле во историјата за да се „оправда угнетувањето и насилството врз маргинализираните групи“.
Такво е искуството на луѓето од Фокс. Њујорк пост пак пишува за серија „воук“ резултати на Џеминаи (порано беше Бард), откако неговиот генератор на слики исфрлал серија фактички и историски неточни слики како што е црнец или жена Папа, црни Викинзи, жени рагбистки, инклузивни основачи на Америка....
Еве слика од Папата:
Џорџ Вашингтон:
Основачките татковци:
Викинзи:
Средновековен крал на Англија:
Девојката со бисерна обетка:
Гугл се извинија за резилот, рекоа дека го стопираат генераторот на слики на неодредено време и дека ќе работат да му ги објаснат поподробно работите.