Велт проценува дека имиграцијата е една од најголемите линии на поделба во земјата и дека значителен дел од граѓаните би сакале самото општество да може да ги бира своите нови членови, односно да се запрат нелегалните влегувања во земјата и да се вратат стандардите и правилата за „селење во Германија“.
Дури и самиот Шолц неодамна вети дека „конечно ќе мора да почнеме да депортираме луѓе во големи размери“.
Пример, како причина за неуспешните обиди за депортација 56 пати е наведено дека поединецот и се спротивставувал на полицијата, 86 пати доктор дијагностицирал здравствени проблеми пред полетување или во самиот авион, а 230 пати пилот одбил да прими лице за депортација во авион затоа што не сакал да ги изложува другите патници на потенцијален изблик на очај од депортираниот.
На страна овие, една од водечките причини за неуспешни депортации во 14.011 случаи во 2023 бил „неуспех на трансфер“, што во пракса значи дека германската федерална полиција не го предала на аеродромската полиција лицето на кое му била одредена депортацијата.
Број еден ставка на листата на оваа листа било одбивање на барањето на федералната полиција, во 15.798 случаи, во кои лицето кое требало да биде депортирано (заради истекување на визата, кривично дело и слично) на денот на депортација не бил дома кога требало да биде собран.
На страна овие што се заведени за депортација, главен проблем за депортација е што најчесто не ни има такви обиди бидејќи не е познат идентитетот на лицата кои треба да ја напуштат земјата и каде воопшто да се вратат, бидејќи околу половина од барателите на азил ја минуваат границата без лични документи, посебно оние што доаѓаат од држави во кои има мали шанси тие подоцна да бидат распознаени.
Германија се соочува и со бојкотирање од земјите на потекло во кои треба да се вратат дел од мигрантите, кои или одбиваат или се влечат со процедурата за примање на своите граѓани, посебно во случаи кога лицето треба да се депортира назад заради направено кривично дело.