До сега САД на Украина и имаат испорачано само од постарите модели на АТАЦМ со среден домет, со објаснување дека генерално не и веруваат на Украина дека нема ракетите со поголем домет да ги искористи за директно гаѓање на мети во Русија и со тоа дополнително да ја ескалира војната.
Последниот пакет американската помош од 60 милијарди долари веќе неколку месеци не може да мине низ американскиот Конгрес затоа што републиканците се решени да не го гласаат доколку со него не се опфатени и мерки за подобро обезбедување на американската граница и решавање на миграцијата.
Пентагон се жали дека има ограничен број на АТАЦМ проектили, кои е малку веројатно да и ги прати на Украина доколку не добие пари за да ги надомести, меѓутоа не е исклучено да се побара од некој од сојузниците да испорача од своите залихи од американски проектили.
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, му објаснил на американскиот колега Ентони Блинкен, дека проектилите со голем домет се неопходни за уништување на руските капацитети длабоко во окупираните територии и со тоа да се заобиколи електронската одбранбена линија што Русите ја имаат поставено.