„Некои луѓе се изненадени, јас не сум“, пишува Даглас Мареј во Њујорк Пост. „Пред неколку години, отидов во Силициумската долина за да се обидам да сфатам што по ѓаволите се случува со Google Images, бидејќи уште тогаш тие содржеа специфичен тип на пристрасност. Ако напишете „геј парови“ и пребарувате слики, ќе добиете многу среќни, исклучиво геј парови. Ако побарате „стрејт парови“ ќе добиете слики и од геј парови. Побарајте „бели парови“ ќе добиете и црни парови. Ги прашав луѓето во Силициумската долина што, по ѓаволите, се случува и ми рекоа дека ова тоа е она што тие го нарекуваат „праведност за машинското учење“.
Идејата зад ова е дека ние луѓето сме полни со имплицитна пристрасност и дека како резултат на тоа, ни требаат машините да ги елиминираат непристрасните слики. Освен што машините се покажаа очигледно многу пристрасни, веројатно и повеќе од просечен човек.
„Она што ми стана јасно е дека тоа не се машините кои работат сами. Машините се пристрасни заради човечката интервенција. Само што проверив повторно денес и Google Images сè уште го користи истиот трик“, пишува Мареј.
Тој вели дека ако се праша за стрејт парови, меѓу првите работи се добива дилемата дали стрејт паровите навистина треба да се идентификуваат како такви. Се нудат и „Квир лекции за стрејт парови“, па фотографија со натпис „Геј паровите имаат помалку стресни бракови од стрејт паровите“.
Ништо од ова не се нуди ако барате „геј парови“. Тогаш ќе го добиете она што навистина го барате и не сте бомбардирани со фотографии и написи кои ви кажуваат колку стрејт паровите се супериорни во однос на геј паровите.
„ Се добива впечаток дека Google Images пробува со сила да нè храни со нешто. Исто е и со расите“, пишува тој.
Сервисот на Гугл за пребарување слики претпоставува дека сите ние сме хомофобични бели фанатици на кои им треба превоспитување, па ни дава буквално лажна слика за нашата сегашност. Благодарение на Гугл Џеминаи, сега можеме да се нахраниме со тотално лажна слика и за нашето минато.
А лажирањето на минатото или неговото целосно менување ни ја одзема можноста не само да го разбереме минатото туку да ја разбереме сегашноста.
Една стара изрека од времето на Советскиот сојуз станува загрижувачки релевантна за денешнината на Западниот свет.
„Единственото нешто што е сигурно е иднината. Минатото продолжува да се менува“.