Одборот на Трамп има нов план за Газа, ама нема пари
23 September 2026
- Одборот за мир на Доналд Трамп денеска ќе претстави шестмесечен план за обнова на Газа, во кој се предвидени 66 проекти во вкупна вредност од 2,45 милијарди долари.
- За инфраструктура се планирани 1 милијарда долари: 400 милиони за привремени засолништа, 275 милиони за расчистување урнатини и неексплодирана муниција, 50 милиони долари за санација на болници и 30 милиони за обнова на патната мрежа, за дигитални документи и плаќања, за преносни сончеви колектори...
- За безбедноста се издвоени 885 милиони долари: за изградба на база на Меѓународните сили за стабилизација во Рафах и за обука и опремување на нејзиниот контингент од 5.000 припадници, како и за мобилизирање нови палестински полициски сили.
-
Планот ја проценува материјалната штета во Газа на 35,2 милијарди долари и наведува дека за целосна реконструкција ќе бидат потребни 71,4 милијарди долари во следната деценија.
- Планот звучи амбициозно, ама е далеку од реалната ситуација. Одборот за мир, во кој членуваат 35 земји, се уште ги нема обезбедено потребните 2,45 милијарди долари. Спроведувањето на проектите зависат од Хамас – кој одбива да се разоружи - и од составот на идната влада на Израел по изборите на 27 октомври. Премиерот Нетанјаху начелно прифаќа меѓународни сили во Газа, но неговите потенцијални партнери се категорично против.