Филантропијата е заробена во идеологија

Филантропијата своевремено била обид на богатите Американци да се искупат пред јавноста. Карнеги давал пари за библиотеки, Рокфелер за истражувања, а Џ.П. Морган донирал слики на музеи. Денешните милијардери важат за „поскржави“. Еден од нив, кој се откажал од фондацијата на Бил Гејтс, објаснува зошто донирањето во добротворни цели всушност има негативни ефекти.

Со богатство проценето на 9,3 милијарди долари, Брајан Армстронг вели дека нема намера да донира во добротворни цели или да се занимава со каква било форма на филантропија. Бил во таква улога, се приклучил на иницијативата на Ворен Бафет и Бил Гејтс, но набрзо се повлекол.

Армстронг е една од најистакнатите личности во крипто-индустријата. Стана милијардер во 2012 година и сега е на 422 место на листата милијардери на „Форбс“ за 2026 година.

Привлечен од ставот на Бафет и Гејтс дека „нема голема корист да се троши за лични потреби богатството кога ќе достигне одредено ниво“, во 2018 година се приклучил на нивната иницијатива Giving Pledge. Како прв крипто-милијардер во иницијативата, јавно се обврзал дека ќе донира најмалку половина од своето богатство за филантропски цели за време на својот живот или преку тестамент.

Сепак, во 2023 година, Армстронг ја затвори својата непрофитна организација GiveCrypto, а потоа тивко се повлече од Giving Pledge на Бафет и Гејтс.

Општо прифатено е мислењето дека филантропијата е благородна цел. На пример, Бил Гејтс, по онаа работа со Министерството за правда, си рекол: „Ќе го поправам својот имиџ, ќе се занимавам со филантропија“, вели Армстронг.

Но, додава дека додава дека повеќето фондации и добротворни организации можат да бидат „заробени“ од идеологија.

Навистина е исклучително тешко да се најде фондација што не потпаднала под влијание на некоја идеологија. Многу луѓе, обидувајќи се да направат нешто добро – како на пример реформа на кривичното правосудство, на крајот само придонесуваат за зголемување на криминалот... Ако ја погледнете Фондацијата „Форд“, мислам дека Хенри Форд би се превртувал во гробот кога би знаел со што се занимаваат тие, вели милијардерот.

Армстронг додава дека својата одговорност за општеството ја реализира со фонд со донаторски насоки, преку кој се обидува да поддржува потфати за кои лично верува дека „придонесуваат за напредокот на цивилизацијата“.

******
Види и: Полна уста напредок, полни очи сиромаштија

22 септември 2026 - 11:01