Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Брисел го награди Маѓар со пристап до 4,2 милијарди евра

23 September 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Европската комисија ѝ ослободи на Унгарија пристап до 4,2 милијарди евра од кохезионите фондови и до програмите Еразмус+ и Хоризонт Европа, откако оцени дека новата влада на Петер Маѓар ги исполнила условите за владеење на правото.
  • ЕУ од 2022 година блокира 16,4 милијарди евра за Будимпешта, наведувајќи „загриженост за корупција и јавни набавки“ за време на мандатот на премиерот Виктор Орбан и неговата партија Фидес.
  • Маѓар, кој во кампањата за изборите во април доби поддршка од Брисел, вети дека приоритет на новата влада ќе биде одмрзнување на фондовите од ЕУ.
  • Будимпешта се обидува да добие и 10 милијарди евра од средствата на ЕУ за закрепнување од последиците на пандемијата. Остануваат блокирани и уште 2 милијарди евра од кохезионите фондови поради загриженост во врска со системот за азил, законот за заштита на децата и академската слобода. Маѓар вети дека ќе ги реши овие прашања до крајот на годината.
извор

Трамп во јули тргувал со акции од 270 милиони долари

23 September 2026
  • Share
  • Post
  • Само во текот на јули американскиот претседател Доналд Трамп извршил 1.156 тргувања со акции во вкупна вредност меѓу 79 и 270 милиони долари, според анализа на неговиот најнов извештај за финансиската состојба.
  • Севкупно, тој извршил повеќе од 700 продажби во вкупна вредност меѓу 35 и 137 милиони долари и повеќе од 440 купувања во вкупна вредност меѓу 43,5 и 134 милиони долари.
  • Само во еден ден - на 20 јули - продал акции на Amazon и Microsoft во вредност меѓу 5 и 25 милиони долари, на Oracle и Costco за 5 милиони долари и на Nvidia за 500.000 до 1 милион долари. (Види: Трамп има голем ќар од форсирањето на ВИ).
  • Откако ја почна војната против Иран на 28 февруари, Трамп заработил до 15,5 милиони долари од своите инвестиции во нафтени и гасни компании само поради скокот на цената на бензинот, откри економски комитет на Сенатот.
  • Годишниот финансиски извештај покажа дека Трамп лани заработил повеќе од 2,2 милијарди долари од својата мрежа на бизниси и инвестиции, вклучувајќи 1 милијарда долари приходи од крипто.
  • Законот за спречување на инсајдерско тргување, усвоен во јули, им забранува на пратениците и нивните семејства да купуваат акции што се тргуваат јавно. Забраната не важи за претседателот, потпретседателот и нивните семејства.
извор

Трамп доби свој ТВ канал

22 September 2026
  • Share
  • Post
  • Белата куќа промовираше нов видео канал кој 24/7 ќе биде фокусиран на претседателот Доналд Трамп и неговите достигнувања.
  • Каналот „Trump TV“ на платформата YouTube бил активиран синоќа, со снимка на говор на претседателот од 3 јули. Белата куќа објасни дека ќе бидат објавувани „најдобрите моменти од минатото, соопштенијата и најважните и најзначајните активности на администрацијата – сè на едно место“.
  • Ова е реакција на бојкотот на големите телевизиски мрежи насочен против Трамп, откако тој им забрани пристап во Белата куќа на екипи од CNN, MS NOW и Politico. Поради бојкотот, не се слушаше изјавата на Трамп на свечената промоција на новиот хелиодром.
  • Веиџија Џијанг, поранешен претседател на Здружението на дописници од Белата куќа, предупреди дека администрацијата, преку ограничувањето на пристапот за избрани медиуми и со новиот канал, има намера да наметне контрола врз известувањето, што е несвојствено за САД.
  • „Америка не може да има државна телевизија... Потребни ви се независни актери за да можете да бидете набљудувачи. Ако владата ви го прикажува само она што го сака, мора да се запрашате: Што ни недостасува?“, вели Џијанг.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Југославија повторно се обединува

Балканштина
2

Фрли Бугарче, фати крапче

Балканштина
3

Ни секунда не прекинаа

Балканштина
4

Сè почнува со реченицата: Годинава само малку да испечеме

Балканштина
5

Богати и славни

Македонштина
6

Летото на Нено низ фотографии

Кошарка
7

Како Трамп ги изневери Саудијците

Свет
8

Руски олигарси ја поделија ЕУ

1

Како Трамп ги изневери Саудијците

Свет
2

Руски олигарси ја поделија ЕУ

3

Стара Канаѓанка еутаназирана против нејзината волја

Разно
4

Работната недела се растегнува на шест дена

Свет
5

САД ќе ги приземјат сите ирански авиокомпании

6

Трамп доби свој ТВ канал

7

Филантропијата е заробена во идеологија

Разно
8

Чеченците за Кадиров 99,85%

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Сè почнува со реченицата: Годинава само малку да испечеме

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Ни секунда не прекинаа

Балканштина

Југославија повторно се обединува

Балканштина

Балканско вуду: Проклетија

Македонштина

Да си знаат

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Го претера

Најубавите љубовни писма на сите времиња

Твитер календар 2013

Народот е глуп, а сега се буни затоа што е глуп

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy