Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп доби свој ТВ канал

22 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Белата куќа промовираше нов видео канал кој 24/7 ќе биде фокусиран на претседателот Доналд Трамп и неговите достигнувања.
  • Каналот „Trump TV“ на платформата YouTube бил активиран синоќа, со снимка на говор на претседателот од 3 јули. Белата куќа објасни дека ќе бидат објавувани „најдобрите моменти од минатото, соопштенијата и најважните и најзначајните активности на администрацијата – сè на едно место“.
  • Ова е реакција на бојкотот на големите телевизиски мрежи насочен против Трамп, откако тој им забрани пристап во Белата куќа на екипи од CNN, MS NOW и Politico. Поради бојкотот, не се слушаше изјавата на Трамп на свечената промоција на новиот хелиодром.
  • Веиџија Џијанг, поранешен претседател на Здружението на дописници од Белата куќа, предупреди дека администрацијата, преку ограничувањето на пристапот за избрани медиуми и со новиот канал, има намера да наметне контрола врз известувањето, што е несвојствено за САД.
  • „Америка не може да има државна телевизија... Потребни ви се независни актери за да можете да бидете набљудувачи. Ако владата ви го прикажува само она што го сака, мора да се запрашате: Што ни недостасува?“, вели Џијанг.
извор

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

15 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
  • Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
  • Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
  • Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
  • Кој стои зад сето тоа? Антропик.

 

извор

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

15 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
  • Галего, кој пред да влезе  во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
  • „'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
  • Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Стоката излегла во парк

Македонштина
4

Кој ќе го замени Перо??

Македонски рулет
5

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
6

После победата доаѓаат прашања

Мешано
7

Цена на злото

Балканштина
8

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

4

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

5

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
6

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

7

Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп

Свет
8

Хуанг и министерот Лутник повикани на сослушување пред Конгресот

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Стоката излегла во парк

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Подла машка победа

Збирка @Trendolend

Сектата на Џани

Може ли бре малку тишина?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy