Остатоците од севернокорејската балистичка ракета пронајдени во Украина содржеле компоненти со ознаки на компании со седишта во САД и Европа, соопшти организација за следење на оружјето.
Извештајот за истражувачката организација CAR (Conflict Armament Research) покажува дека Северна Кореја лесно набавува западни компоненти за своето оружје и покрај ригидните санкции, и дека тоа оружје го користи Москва во нејзината војна против Украина.
Севернокреејската балистичка испукана од Русија а пронајдена во Украина вклучувала над 290 електронски компоненти што не се домашни.
75% од деловите биле поврзани со компании од САД а 16 отсто со фирми во Европа, се вели во извештајот.
На 75 отсто од деловите укажувале на производство помеѓу 2021 и 2023 година. Врз основа на датумите на производство, CAR заклучува дека проектилот пронајден во Харков не можел да биде склопен пред март 2023 година.