Се очекува дека од министерствата за одбрана, надворешни и финансии ќе биде побарано да препратат средства и да најдат заштеда со цел да се плати за најразличната опрема што треба да и биде испорачана на Украина.
Финансирањето ќе мора да се заврши без правење формални промени во годинешниот буџет, а уште од сега се знае дека во средствата дедицирани за француските вооружени сили до 2027 нема простор за дополнителна помош за било кого.
Франција ем вети 3 милијарди евра на Украина, ем вети дека ќе заштеди 10 милијарди евра со цел да го намали буџетскиот дефицит, ем вети на земјоделците кои ја изораа државата, дека ќе им обезбеди сериозни пари за помош и субвенции.
И пред ова Франција беше обвинета од сојузниците дека не е транспарентна околу помошта што и ја дава на Украина, и дека не придонесува исто колку останатите европски и НАТО партнери.
Според бројки објавени минатата недела, Франција до сега има потрошено 3,8 милијарди евра на поддршка на Украина.