Вести

Швеѓаните ќе прегласуваат поради изборна измама?

Истрага за измама може да го промени победникот на парламентарните избори во Шведска. Натурализиран сомалиски имигрант кој освоил пратеничко место како кандидат на левицата е осомничен дека им плаќал на гласачи и им делел ливчиња на кои веќе е заокружено неговото име. Ако биде потврдена измамата, Швеѓаните првпат во историјата ќе мораат да прегласуваат.

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Речник

Обединетите нации се корисен театар

Секој септември, кога заседанието на Генералното собрание на ОН го парализира сообраќајот,  њујорчани се прашуваат: Која е поентата на глобалниот политички театар? Обединетите нации не се „почетокот на светска држава“. Најдобро функционираат во поограничена улога, кога делуваат како форум за државите, а не како повисок авторитет над нив. 

Работната недела се растегнува на шест дена

Идејата за четиридневна работна седмица веќе е напуштен. Се прифаќа нова шема на работа и во неделите. Наместо да ги набиваат работните часови во помалку денови, работниците едноставно ја прошируваат работата на шести ден, делејќи го времето на нелинеарни блокови прилагодени на родителските обврски, нивото на енергија или личните задачи.

Стара Канаѓанка еутаназирана против нејзината волја

Жена од Онтарио која страдала од тешка болест, во јули била подложена на програма за „медицинска помош при умирање“, иако во последните денови од својот живот јасно и гласно кажувала дека не сака да умре. Медицинските лица инсистирале да се спроведе процедурата наспроти сомневањата дека жената била збунета кога потпишала согласност за сопствената смрт. 

Ќе летаат ли АТАЦМ накај Крим?

Доколку републиканците продолжат да го блокираат пакетот за воената помош на Украина, Белата куќа може да побара од свои сојузници да му испратат на Киев АТАЦМ ракети, ама овој пат со домет до Крим.

НАСА бара доброволци да се преправаат дека се на Марс

Ако имате чувство дека бар на година дена би побегнале каде било од оваа македонска бучава, чемер и ништавило, а притоа имате ограничувања во вид на пасош, пари или слично, можеби понудата на НАСА ќе ви се види примамлива. За жал, не го бараат она што е полесно, луѓето да се  прават дека се паднати од Марс, туку баш дека се таму, во нивното симулирано парче планета.

Смртта на Навални ја покажа слабоста на Путин

„Бруталната нетолерантност со секакво несогласување со рускиот претседател е знак на неговиот намален авторитет“, пишува Френк Фуреди. На прв поглед, строгиот авторитаризам на Путин се чини непотребен бидејќи страв, фатализам и апатија одамна го имаaт зафатено рускиот јавен живот а милиони луѓе дигнаа раце од политика повлекувајќи се во нивните приватни живеачки. Па сепак...

Рускиот пилот што пребега во Украина најден застрелан во Шпанија

Максим Кузминов, рускиот воен пилот што киднапираше хеликоптер и ги застрела двајцата членови на екипажот што беа со него е човекот кој минатата недела е убиен во близина на Аликанте.

Од Москва со љубов за Ким

Рускиот претседател му подарил луксузна претседателска лимузина Аурус од руско производство на Ким Џонг Ун, бидејќи севернокорејскиот лидер го бендисал возилото кога беше во посета на Русија.

Швајцарија не сака да се 10 милиони?

Швајцарската народна партија (СВП) сака со закон да се осигура дека земјата нема да надмине популација од 10 милиони жители до 2050. Стравот не е дека Швајцарци ќе почнат да се размножуваат, туку дека дојденци ќе се намножат.

Германија и испратила ѓубре на Украина за 40 милиони евра

Кон средината на 2023, германското министерство за одбрана потврдува дека ќе и испрати на Украина 66 оклопни возила за пешадија, а заради брзината на испораката и цената изборот паѓа на АПЦ (Armoured Personnel Carrier) од производителот Фленсбургер Фарцојгбау (ФФГ). Според истрагата на Билд возилата не се за испраќање ни на фронтот во Украина ни на кој било друг.

Последниот апел на Џулијан Асанж

Прогонството на Џулијан е застрашувачка порака за нас останатите. Пркосете ѝ на американската империја, разоткријте ги нејзините злосторства и без разлика кој сте, од која земја доаѓате и каде живеете, ќе бидете ловени и одведени во САД за да го поминете остатокот од животот во еден од најстрогите затворски системи на планетава. Џулијан е првиот. Ние сме следни.

Како да одмилиш пиво, а да не го забраниш

Намерата на законодавците од Тенеси е да го намалат бројот на сообраќајки и жртви под дејство на алкохол, со тоа што целосно ќе забранат ладење на пиво. Сè друго останува исто, па кој сака нека се прави камен од топло пиво.

ЈП Морган напушти коалиција од 68 трилиони долари

Мега-банката ЈП Морган официјално ја напушти коалицијата на инвеститори која тежи фасцинантни 68 трилиони долари, а според замислената мисија е „фокусирана на притискање на најголемите светски емитери на стакленички гасови да се декарбонизираат“, пишува Блумберг. Со други зборови, „борбата“ за декарбонизација имплодира.

Путин, зошто бре ја нападна Украина?

Тоа беше првото прашање кое му го постави Такер Карлсон на Путин во она фамозно интервју,  ама овој почна да го тупи едно пола саат, навраќајќи се во историјата сè до осмиот век. За среќа, Такер на почетокот на снимката предупреди за тоа па можевме мазно да го скокнеме тој дел. Во едно следно интервју (со руски новинар), Путин даде многи поконцизен одговор, па ако некого го интересира, ајде.

Путин доби на поклон 2 милијарди долари?

Во Москва почина 98-годишната Нина Молева, позната руска авторка и ликовна критичарка, која одлучи комплетната своја уметничка колекција да му ја остави во наследство на рускиот претседател Владимир Путин.

Економист реши да го пробива патот кон нормализирање на инцестот

Откако еден американски конгресмен крева галама со својот предлог закон во кој братучед/братучетка се брише од списокот на инцестоидни семејни односи (што потоа по итна постапка беше коригирано), Економист тргна со објаснување како тоа не е забрането со закон во најголемиот дел од САД и Европа, освен што се смета за одвратно.

Пандемијата убива на рати

Научна анализа на записите од повеќе од 50.000 пациенти пресметала како нивната болест ќе напредувала доколку не беше пандемијата и сиот хаос во неа. Заклучиле дека одложувањата на дијагностицирањето на ракот на кожата поради пандемијата и состојбата на здравствените капацитети довела до 100.000 изгубени животи во Европа.

Што направи Америка од Косово и што тоа значи за Украина?

„Досието на Вашингтон покажува дека е подобар да води војни отколку да се занимава со она што следи потоа“, пишува Политико во еден екстензивен прилог за тоа какво е Косово денес, 25 години откако Американците издејствуваа да прогласи независност. Ако Косово е некаков водич, Украинците треба да внимаваат што посакуваат кога планираат корпоративна Америка да им ја обвновува земјата. 

Нова паника, руски нуклеарки во вселената

Русија развива нови вселенски капацитети за напаѓање сателити со помош на нуклеарно оружје, тврди Вашингтон пост врз основа на доверливи разузнавачки документи до кои доаѓа.

Хилари ја премажи Хума Абедин?

Алекс Сорос за Св. Валентин објави заедничка фотографија од Париз со една од најблиските долгогодишни соработнички и советнички на Хилари Клинтон, Хума Абедин, некогашната сопруга на посрамениот демократкски конгресмен Ентони Винер, кој несакајќи стана еден од виновниците за поразот на Хилари на изборите 2016.

Епл фанови почнаа да го враќаат Вижн про

Или купувачите на Епл се многу стари или уредот од 3.500 долари стварно ги има проблемите на кои тие се жалат, а се работи за проблеми со комфор, главоболка и напрегање на очите, плус не е ни за работа.

Е па, Британија го реши проблемот со нелегалната миграција

Британското министерство за внатрешни работи ќе почне да им плаќа на инфлуенсери да објавуваат видеа на Тикток во кои ќе ги поттикнуваат потенцијалните мигранти да не го преминуваат каналот кон Британија.

Заговорот за соработка меѓу Трамп и Русија е започнат од ЦИА

Американската разузнавачка агенција нелегално мобилизира странски шпионски агенции да ги следат советниците на Трамп многу пред летото 2016, и со тоа го започнува заговорот дека Трамп работи со Русија, објавуваат Мет Таиби, Мајлк Шеленбергер и Алекс Гутентаг.

Монтипајтоновци се испокараа на стари години

Ерик Ајдл неочекувано запука по Џон Клиз велејќи дека тој отсекогаш бил некој што ги малтретира оние со кои работи. Клиз потврди дека не сега, туку отсекогаш се презирале. Ајдл е разочаран што на стари години мора да работи и за тоа ја обвини ќерката на Тери Гилијам. Палин е со Клиз а останатите двајца Пајтоновца имаат среќа да не учествуваат во оваа неславна геријатриска епизода на славната трупа.

Беверли Хилс, Аризона

После Капиштец, и Аризона го добива својот Беверли хилс, како што е наречена една нивна долина во која последниве години нагрнуваат богати луѓе од Калифорнија. Просениот имот таму е поскап од оној во Сан Франциско и Лос Анџелес ама па подоцна се заштедува на даноци. Плус раат, ширина, едноставност, помалку гужви и блажено отсуство на лајави прогресивци. 

Абе кој тоа за кратко ќе биде канселуван

Академик од Универзитетот во Кембриџ не само што верува туку и јавно изјавува дека ако се вработува според меритократија бројот на црнци професори на Харвард ќе падне на речиси нула. Е, тој.

Холандија доби судска забрана да му испорачува воена опрема на Израел

Заради ризик деловите за воени авиони што Холандија требаше да му ги испорача на Израел да бидат искористени во „сериозно прекршување на меѓународното хуманитарно право“ холандскиот апелациски суд реши дека деловите за Ф-35 остануваат во земјата.