Тикток видеата за почеток се насочени кон потенцијални мигранти кои доаѓаат од Албанија, Ирак, Египет и Виетнам, а потоа и за публиката од Турција и Индија.
Тие веќе имаат список на инфлуенсери од Албанија кој вклучува рапер, двајца комичари, лајфстајл блогери и ТВ ликови, кои се избрани „заради нивната способност да се обратат на млади мажи.“
Буџетот за албанските инфлуенсери е 30.000 фунти со ограничување од максимум 5.000 по човек. За египетските и виетнамските имаат буџет од по 15.000 фунти, а допрва треба да се одреди колкав буџет ќе има за турските, индиските и ирачките тиктокери.
„Шверцерите на луѓе често пати ги користат социјалните мрежи за да шират лаги и да ги промовираат своите криминални активности, и витално е да ги користиме истите платформи за да ги информираме мигрантите околу вистината за преминувањето на Каналот и нелегално доаѓање во Британија,“ гласи логиката на британското МВР.