Нејтан Кофнас повикува на „револуција против наследувањето“ и култура на „расен реализам“ која ги согледува разликите меѓу етникумите. Во свој блог пост, Кофнас демонстрира и реализам „на свој грб“, пишувајќи дека голем број од поддржувачите на неговите теории и ставови се помалку интелигентни од луѓето што се „по разбудени“.
Кофнас тврди дека без наметнатата разноликост во вработувањето, црнците „речиси целосно ќе исчезнат од високите позиции вон индустриите за спорт и забава“. Тој повикува и да се стави крај на „војната против природата“ и луѓето да „прифатат дека талентот не е еднакво распореден меѓу или во различните групи.“
„Во меритократија, Харвард својот кадар ќе го избира од најдобрите од најдобрите, што значи дека бројот на црнци професори ќе се доближи на нула проценти.
Разбудената елита има далеку поголема колективна интелигенција отколку конзервативната толпа, и илјадници начини да нè надмудри и надитри.
Кога елитите ќе го прифатат расниот реализам, ќе можеме да создадеме подобар свет. Оние кои навистина ја ценат разноликоста треба да се залагаат за зачувување на расните дистинкции. Мора да има некои бариери поставени меѓу расите со цел секоја од нив да може да ја изрази својата уникатна генијалност...
... Перењето мозок на генерации деца да веруваат дека неисконреливите групни разлики се грешка на одредена раса (белата) која наскоро ќе биде малцинство кое постојано се намалува може да заврши на мрачно место,“ пишува Кофнас.
Тој подоцна се објаснува себе си дека смета дека има слобода да ги изрази сопствените ставови околу науката, политиката и културата, но и дека е и против белиот национализам или „карантирање“ луѓе врз основа на раса.
Кембриџ речиси инстантно се дистанцираше од неговите ставови.