Билд пишува дека ФФГ АПЦ едноставно имаат премногу тенок и слаб оклоп за да бидат оклопни и борбени, или за да бидат вистински употребливи на фронтот во Украина. За разлика од оклопните возила што се во служба на германската армија, АПЦ немаат заштита од мини или шрапнели од артилерија, ракети и минофрлачи. Наместо тоа, возилата испратени во војната во која се трошат илјадници артилериски гранати на ден имаат заштита само од лесно оружје.
„Ако се потврди дека во Украина се испратени само лесно оклопните варијанти, ќе биде кристално јасно дека е станува збор за скандал со набавки. Очигледно е штедено на сметка на човечки животи,“ изјавил професорот Карло Масала од Универзитетот на Бундесверот во Минхен.
Аргументот на германското министерство за одбрана е дека „во тоа време од Украина не е побарана зголемена заштита од мини.“
Висок украински офицер за Билд изјавува дека секако сакале да имаат заштита од мини, ама тој го немале како избор, и се задоволни и со тоа што го добиле, па сега возилата ќе се користат далеку од фронтот.
На страна оклопот, Билд открива дека и покрај ветувањето од министерството за одбрана дека возилата, ќе бидат опремени во германски фабрики, (шасијата треба да е на американски Форд, а деловите на американски ТАГ), ФФГ нарачката ја пушта до ТАГ Германија, која потоа преку неколку посредници завршува во ТАГ Блиски исток во Емиратите. Сите 66 ФФГ АПЦ се произведени во Емиратите, без ниту едно возило воопшто да биде произведено во Германија, каде најверојатно само застанале пред да бидат испратени во Украина.
Скандалот околу возилата го комплетира цената на набавката. Билд тврди дека производителот од Емиратите наплатил меѓу 185 и 208 илјади евра по возило. Наспроти ова, тајни документи од министерството за одбрана покажале дека министерството му платило на ФФГ „по 600.000 евра по возило“ или вкупно околу 40 милиони евра.