ЈП Морган соопшти дека ја напушта Климатската акција 100+ затоа што „направила значителни инвестиции во развивањето на сопствената рамка за ангажман за климатски ризик“. Банката тврди дека има 40 професионалци кои се фокусирани на одржливо инвестирање.
А штетата за Климатската акција 100+ можеби само започнува. Ленс Дајл, партнер од Бостон во адвокатската фирма K&L Gates LLP, изјави за Блумберг:
„Не би бил изненаден ако видиме повеќе пребези, особено ако се има предвид дека сега постојат трошоци, како што се потенцијални судски спорови, кои ги немаше кога се приклучуваа компании“.
Тој додаде дека постојат јавни обвинители кои истражуваат членки во групата заради евентуална дискриминација на клиенти.
Групата одговори дека нејзините 700+ членови и натаму се посветени на менаџирање на климатскиот ризик и зачувување на вредноста на акционерите преку нивното учество во иницијативата.
Некои републиканци, Коалицијата 100+ ја нарекуваат ESG (environmental, social and governance) картел.