Беверли Хилс, Аризона

После Капиштец, и Аризона го добива својот Беверли хилс, како што е наречена една нивна долина во која последниве години нагрнуваат богати луѓе од Калифорнија. Просениот имот таму е поскап од оној во Сан Франциско и Лос Анџелес ама па подоцна се заштедува на даноци. Плус раат, ширина, едноставност, помалку гужви и блажено отсуство на лајави прогресивци. 

Во Марикопа, најнаселениот округ во Аризона, просекот на луѓе кои се населиле од калифорнискиот округ Санта Клара се зголемил за 38%. Тоа е оној округ во кој се наоѓа Силициумската долина и од кој сè почесто За Аризона заминуваат поимотни луѓе.

Најбарана дестинација е Рајската долина која веќе ја нарекуваат „Беверли Хилс на Аризона“ и  се наоѓа меѓу Феникс и Скотсдејл.

Нејзини главни предности се што обезбедува приватност и комотност а сепак брзо се стигнува до урбани удобности како шопинг, ресторани и ноќен живот. Исто така, нуди и природни убавини, полабав сообраќај и последно, не не и најмалку важно - пониски даноци.

Не е тоа некоја новооткриена убавина: таму се имаше вдомено боксерската легенда Мохамед Али, Стиви Никс од Флитвуд Мек, и дузина милионери, меѓу нив и наследникот на прочуената Кемпбел супа, Бенет Доранс, кој тежи преку три милијарди долари.

„Го сакаме ние Сан Франциско но градот престана да нуди безбедност и квалитетен живот кој го очекуваме,“ велат една брачна двојка која се преселила во Аризона откако нивната куќа настрадала во пожарите во долината Напа по што решиле да си го побараат раатот на друго место.

Од округот Лос Анџелес, секоја година во Марикопа се преселуваат 8.600 богати Калифорнијци, 48% повеќе отколку претходната деценија. Освен од Сан Франциско и од Л.А., доста луѓе доаѓаат и од Сан Диего.

Просечната вредност на имот во Рајската градина (2,87 милиони долари) е повисока од онаа во Сан Франциско (1,19 милиони) и Лос Анџелес (957.000), ама новите сопственици на куќи подоцна заштедуваат на даноци и други компликации (пишувавме во „Калифорнија, онаму каде што слободата оди за да умре“: постојат 400.000 правила до кои треба да се придржуваат бизнисите).

***********

Види и:

Политичките бегалци на Калифорнија

На Маск му е преку Калифорнија

Џо Роган фаќа штрафта од ЛА и заминува во Тексас

Американците почнаа да бегаат ВО Мексико

Тексас бара ѕид и за Калифорнија

Прогресивниот Л.А. полека станува Грчец

 

 

 

14 февруари 2024 - 15:03