Извршниот директор на Тесла веќе не сака да ги трпи рестриктивните мерки околу пандемијата и бизнис карантинот кој округот во кој се наоѓа седиштето на компанијата планира да го продолжи, наспроти најавата на сојузната држава за олабавување на мерките.
Компанијата сега ги комплетира потребните документи и дозволи за да се префрли во друга држава од САД, а Маск најавува дека веднаш ќе го тужи округот во кој се наоѓа неговата главна фабрика за производство.
„Неизбраниот и неук 'привремен офицер за здравство' на Алмеида постапува спротивно на гувернерот и на претседателот, спротивно на уставните слободи и на здравиот разум,“ се истури Маск во серија твитови.
Се работи за извесна доктор Ерика Пан која ја искористи автономноста на локалните власти и најави продолжување на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на ковид-19 иако и на ниво на Калифорнија и на ниво на федерација тие полека се олабавуваат.
„Искрено, ова е само последната капка која ја прели чашата. Тесла ќе се пресели во Невада/Тексас во најбрз можен рок,“ најави Илон Маск.