За холандскиот суд постои „очигледен ризик“ дека деловите ќе бидат искористени за прекршување на меѓународното хуманитарно право, бидејќи Израел веќе ги користи Ф-35 авионите за напади на Газа, кои довеле до неприфатливи цивилни жртви.
Судот го одбил и аргументот на холандската влада дека не мора да бара дозвола за нешто за кое веќе има дозвола за извоз. Владата ќе ја обжали одлуката по основа дека деловите му се неопходни на Израел во одбрана од „заканите во регионот, пример, Иран, Јемен, Сирија и Либан.“
И пред одлуката организации за заштита на човековите права ја обвинија холандската влада дека е соучесник во воените злосторства во Газа со тоа што продолжува да ја снабдува израелската влада.
Израел константно отфрла дека извршил воени злосторства за време на воената операција во Газа, меѓутоа во јануари Меѓународниот суд на правдата го повика Израел „да внимава на сите активности во енклавата кои би можеле да претставуваат геноцид.“ Според палестинското министерство за здравство, од почетокот на израелската операција во Газа се убиени најмалку 28.340 лица.
Во Холандија се наоѓа еден од неколкуте регионални складови на делови за американски воени авиони кои се испорачуваат по барање на сојузниците. Холандија има испорачано барем една пратка до Израел од почетокот на војната.