Од Москва со љубов за Ким

Рускиот претседател му подарил луксузна претседателска лимузина Аурус од руско производство на Ким Џонг Ун, бидејќи севернокорејскиот лидер го бендисал возилото кога беше во посета на Русија.

На средбата на космодромот Восточни, Путин лично му ја претставил својата лимузина, а Ким и седнал во нејзе до рускиот претседател и му се допаднала. Па во знак на добро волја и за дополнително развивање на односите со сите соседи на земјата, Кремљ решава да испрати во Пјонгјанг еден примерок на Аурус.

Испораката е завршена викендов, а во име на Ким Џонг Ун на руските претставници им се заблагодарила сестрата на Ким.

Јужна Кореја веднаш се побуни дека испраќањето на возилото е прекршување на санкциите против Јужна Кореја.

На средбата во Восточни Ким дојде со Мајбах кој до таму беше пренесен со специјален воз. За Ким се знае дека освен Мајбахот, има неколку други Мерцедес лимузини, Ролс-Ројс Фантом и Лексус.

Во Восточни беше надополнета соработката меѓу двете држави која и донесе свеж извор на артилериски гранати на руската војска во Украина.

20 февруари 2024 - 12:57