47-годишната Абедин веќе 7 години е разведена од Винер, додека 38-годишниот наследник на Џорџ до сега не бил во брак.
Пред фотографијата од Валентин, името на Абедин и претходно се поврзува со кланот Сорос кога беше откриено дека таа разменила мејлови со други членови на кампањата на Хилари околу вечерата што тогашната претседателска кандидатка ја има со Џорџ Сорос. Во мејлот таа го прашува својот колега, како треба да се однесуваат ако Џорџ на вечерата реши да побара од Хилари да се појави на настан организиран од Америка воутс, прогресивна организација што Сорос значително ја поддржува. Абедин останува со Хилари и по неуспешната претседателска кампања.
Врската со Алекс е прв пат Абедин сама да сподели нешто околу својот љубовен живот, кој речиси целосно беше прикриен по разводот од Винер. Не се познати никакви дополнителни детали околу врската меѓу двајцата.
Поранешниот сопруг на Абедин, Ентони Винер е еден од најмалерозните ликови во американската политика. Делумно благодарејќи на блискоста што неговата сопруга ја има со Хилари, тој во 2000-те е еден од демократите што најбрзо напредува во политичката кариера.
Напредокот е прекинат во 2011 од секс скандал во кој се дознава дека на Твитер испраќал голи фотки од себе на жена што го следела. Тој по ова се извини и се повлече од Конгресот. Абедин остана со него.
Во 2013, кратко време откако влегува во трката за градоначалник на Њујорк, протекува информацијата дека тој пуштал голи слики од себе на 22 годишна жена со која е во контакт од 2013. Абедин повторно остана со него.
На 28 август 2016, Њујорк пост објави дека тој пак и пуштал голи фотки на сосема трета жена. Следниот ден Абедин објави дека има намера да се разведе од Винер.
Веќе во септември истата година беше објавено дека тој разменувал слики со 15-годишно девојче од Северна Каролина.
Овој скандал ја започнува и серијата настани кои ќе доведат до пораз на Хилари на претседателските избори во 2016. Заради тежината на обвиненијата започната е и кривична истрага против Винер во која е запленет неговиот лаптоп. Токму на овој лаптоп се најдени мејлови кои го обновуваат скандалот на Хилари со службени мејлови на приватен сервер, кој беше основа тогашниот директор на ФБИ, Џејмс Коуми, да ја отвори истрагата околу мејловите на Хилари на неколку дена пред гласањето за претседател во САД. Самата Хилари има изјавено дека истрагата на Коуми е една од причините за нејзиниот пораз.
По случајот со 15-годишното девојче, Винер ја завршува кариерата со затворска казна од 21 месец (која ја одлежи во 2019) и доживотно регистриран како сексуален престапник.